Јаневски: Општина Струмица е максимално вклучена во спроведувањето на мерките на Владата

Среда, 18 Март 2020

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски на денешната прес конференција пред општинската зграда информираше за општинските мерки за спречување на ширењето на корона вирусот.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Општина Струмица со сите ресурси кои што ги има на располагање е максимално вклучена во спроведувањето на мерките на Владата на Република Северна Македонија, но и презеде дополнителни мерки за спречување на ширењето на корона вирусот. Секојдневно ја следиме состојбата, одржуваме координативни состаноци со претставниците на општинските јавни претпријатија, институции и организации и ги утврдуваме мерките за коишто сметаме дека превентивно ќе делуваат.

Формирани се мобилни тимови од волонтери коишто сами се пријавија во општината и волонтери од Општинскиот Црвен крст за достава на прехранбени производи, лекови, средства за лична хигиена и други продукти на стари лица, хронично болни и лица со попречености, а со цел нивна заштита од потенцијалниот ризик истите да се заразат од Covid 19. Тие веќе се на терен и ја спроведуваат оваа мерка.

Вчера уште во раните утрински часови е извршена дезинфекција со машини и рачно на плоштадот, поголемите јавни површини, најфреквентните улици и целата урбана опрема. Дезинфекцијата продолжува и не само во градот, туку и во сите населени места, а ја вршат ЈПКД „Комуналец“ и Противпожарната единица на Струмица.

Во тек е дезинфекција на сите основни и средни училишта и на сите клонови на градинката „Детска радост“ како и на административните простории на Општина Струмица.

Ќе се изврши дезинфекција на Домот на АРМ и големата сала ќе биде подготвена и ставена на располагање на здравствените институции доколку постои потреба за тоа.

Се вршат засилени инспекциски контроли за сузбивање на дивите продавачи кои продаваат на јавни површини, а се потенцијален ризик за здравјето на граѓаните

-Следејќа ја актуелната состојба со мојот тим ги утврдуваме економските мерки кои би ги презела општината, а би биле во насока на ублажување на последиците врз реалниот сектор, секако во рамките на нејзините можности и ингеренции, а кои дополнително ќе бидат презентирани.

Ова се мерките коишто засега ги спроведува Општина Струмица. Ќе ја следиме состојбата и понатаму и во зависност од неа ќе ги надополнуваме превентивните мерки за заштита на здравјето на нашите граѓани.

Дозволете во оваа ситуација кога училиштата не работат, а децата, односно, нивното ментално и физичко здравје се наш приоритет, да ги повикам сите ученици да ја користат платформата за онлајн предавањата на веб страницата на Министерството за образование и наука и преку проектот „ТВ училница“, кој се емитува на Македонската радио телевизија, секој работен ден во 10:30 часот. Апелирам до наставниците, учениците и родителите да ги користат овие платформи.

Истовремено, апелирам до сите граѓани сериозно да ги почитуваат и следат мерките на Владата на Република Северна Македонија, да останат во своите домови за да ги избегнат и најмалите ризици за да го заштитат сопственото, здравјето на најблиските и на своите сограѓани. Да покажеме поголема свест и одговорност затоа што јавното здравје зависи од сите нас.

Јас сум градоначалник, но и лекар по професија, за кого здравјето на граѓаните ми е пред се. Следејќи ја актуелната состојба подготвен сум и стојам на располагање на здравствените институции како лекар доколку за тоа има потреба, бидејќи така ќе го дадам мојот најголем влог во заштитата на здравјето на моите сограѓани. Здравјето пред и над се. Тоа е нашето најголемо богатство - кажа градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Мај 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на Ковид-19. По градови, во Скопје 24, во Куманово и Штип 4, Во Тет...

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи парите ќе ги добијат до 3 јули, а треба да ги потрошат до 31 јули

Корисниците на платежните картички за купување на македонски…

Мај 28, 2020 Вести

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9...

Прекинато е водоснабдувањето во реонот кај транзитниот пат

Прекинато е водоснабдувањето во реонот кај транзитниот пат

Мај 28, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека денеска (четврток, 28 мај), до 13.00 часот, поради изведба на водоводната мрежа без водоснабдување ќе би...

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ-МАКС“ собрани 40 единици крв

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ…

Мај 27, 2020 Вести

Денеска во Службата за трансфузиона медицина во Струмица се организираше крводарителска акција под покровителство на Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ о...

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време до 22:00 часот, на маса по двајца, четворица ако се семејство

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време …

Мај 27, 2020 Вести

Од утре, четврток, 28 мај може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси)...

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени пациенти

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени …

Мај 27, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа тројца пациенти со Ковид-19 починале. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни ...

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица за дополнителни 7 километри

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Стру…

Мај 27, 2020 Вести

Деновиве започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица во должина од 7 километри, во рамките на проектот за подобрување...

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат угостителските објекти

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат …

Мај 26, 2020 Вести

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека од утре, среда, 27 мај се укинува полицискиот час во државата, а угостителските објекти од четврток, 28 мај ќе...