Ќе се казнува за ширење непроверени и лажни вести за корона вирусот на социјалните мрежи

Среда, 11 Март 2020

Се задолжува Министерството за внатрешни работи во текот на денот да објави соопштение во кое ќе се наведе дека ќе се преземат соодветни мерки за сите лица кои на социјалните медиуми објавуваат дезинформации, односно невистини, како и медиумите кои истите тие невистини ги пренесуваат. Ова го истакна Министерот за здравство, Венко Филипче на вечерашната прес-конференција.

„Институтот за јавно здравје е задолжен да подготви текст за пишаните и електронски медиуми во однос на почитување на препораките против Ковид-19. Ќе биде доставено до Министерството за здравство и понатаму процесуирано за објавување“, додаде тој.

Се препорачува на ЈП Македонска телевизија, редовно на дневна основа преку телевизиските канали и на собранискиот канал да ги емитува и објавува сите заклучоци, мерки и препораки усвоени од Владата на Република Северна Македонија за превенција од ширење на болеста Ковид-19.

Исто така, на државната новинаска агенција МИА, и се укажува редовно на дневна основа да ги објавува сите заклучоци, мерки и препораки против ширењето на оваа болест.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека нема да има компромис во санкционирањето кон оние кои шират лажни вести на социјалните мрежи.

„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните – корисници на социјалните мрежи да не споделуваат и шират непроверени односно лажни вести околу вирусот Ковид-19, со кои се создава вознемиреност и паника меѓу граѓаните. Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба, но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести“, се вели во соопштението на МВР.

Апелираме, додаваат, до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица нема заболени од коронавирус, објавени бројките во изминатите 24 часа

Во Струмица нема заболени од коронавирус, објавени бројките …

Мар 28, 2020 Вести

Синоќа струмичани беа бомбардирани со пораки на социјалните мрежи и видео од тројца пациенти како со амбулантно возило се носени во Инфективното оддел...

Остани дома, Остани во чекор со „Танец“! Концерт во Струмица

Остани дома, Остани во чекор со „Танец“! Концерт во Струмица

Мар 28, 2020 Магазин

Видео од концертот на Ансамблот „Танец“ одржан на 22 мај минатата година во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. „На вас е само да ОСТАНЕТЕ ДОМА! „Танец“ ...

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмица, Иван Василевски

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмиц…

Мар 28, 2020 Вести

На денешен ден пред 5 години почина познатиот новинар, поет, драмски писател и публицист од Струмица, Иван Василевски. „Иван Василевски од зборот нап...

Раноградинарите со пластеници не треба да вадат посебни дозволи за движење во време на полициски час, останатите ќе мора

Раноградинарите со пластеници не треба да вадат посебни дозв…

Мар 27, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во денешната изјава посочи дека заради интензивирање на сезоната на земјоделс...

Бесплатни телефонски броеви и е-маил адреси за да се пријави непочитување на мерките за КОВИД-

Бесплатни телефонски броеви и е-маил адреси за да се пријави…

Мар 27, 2020 Вести

Владата отвори бесплатни телефонски линии за пријавување на непочитување на мерките и препораките против понатамошно ширење на КОВИД-19. За поефикасно...

Тројца струмичани синоќа го прекршиле Полицискиот час

Тројца струмичани синоќа го прекршиле Полицискиот час

Мар 27, 2020 Вести

Десет граѓани од Струмица и Радовиш ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период, информираше СВР Струмица. Според нивното известу...

Во јуни ќе продолжи реконструкцијата на тврдината „Цареви кули“ над Струмица

Во јуни ќе продолжи реконструкцијата на тврдината „Цареви ку…

Мар 27, 2020 Вести

Во почетокот на месец јуни ќе продолжи реконструкцијата и реставрација на Царевите кули над градот Струмица. Ова на својот Фејсбук профил го објави гр...

18 нови случаи на коронавирус, вкупната бројка е 219 лица

18 нови случаи на коронавирус, вкупната бројка е 219 лица

Мар 27, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова...