Заврши првото полувреме од третиот „Пандев КУП 2020“

Понеделник, 09 Март 2020

Струмица, Турново и Дојран во изминатите четири дена беа домаќини на првиот дел од третиот најмасовен детски фудбалски турнир „Пандев КУП 2020“ во организација на „Академија Пандев“.

На општинското фудбалско игралиште „Филип Лазаревски“ во Струмица, стадионот на ФК „Хоризонт“ во Турново и Спортскиот комплекс на „Истатов“ во Дојран, околу 1200 млади фудбалери од генерациите 2006, 2007, 2008, 2009, 2010 и 2011-та од пет држави одиграа околу 150 натпревари и дадоа 600 голови.

Кај фудбалерите од генерацијата 2006-та најдобра беше екипата „Еден на еден“, која во финалето ја победи екипата на „Академија Пандев“. За најдобар играч е прогласен Филип Митев од екипата на „Академија Пандев“, а најдобар голман Дарио Велевски од екипата „Еден на еден“.

Екипата на „Работнички“ е победник во категоријата – генерација 2007-ма, која го надигра финалистот, екипата „Топ фудбал“ од Косово. Најдобар играч е Шериф Мендерес од „Работнички“, а најдобар голман Ристе Златев од истата екипа.

Во финалниот натпревар во ганерацијата 2008-ма помеѓу екипите на „Прилеп“ и „Талент“, пехарот го освоија момците од Прилеп. И најдобриот играч во оваа генерација е од ова екипа, Габриел Талевски, додека најдобриот голман е Димитар Митковски од „Талент“.

„Национал“ од Бугарија е побидник на овој турнир во категоријата – генерација 2009-та, победувајќи ја екипата на „Работнички“. Најдобар играч е Станислав Симеонов од „Национал“, а најдобар голман Рефик Идризи од екипата на „Скупи“.

И кај фудбалерите од генерацијата 2010-та најдобра беше екипата на „Национал“ од Бугарија, кои ги победија домаќините „Академија Пандев“. За најдобар играч е прогласен Матеј Бојчевски од „Академија Пандев“, а за најдобар голман Алек Михајлов од „Национал“.

Во генерацијата 2011-та пехарот го освои екипата на „Кичево“ со победа над екипата „Еуроспорт“. Најдобар играч е Борис Матески од „Кичево“, додека најдобар голман Калис Кузмановски од „Еуроспорт“.

„Второто полувреме“, односно вториот дел на „Пандев КУП 2020“, ќе се одржи во првата недела на месец август во Струмица и Скопје, на кој ќе учествуваат 48 екипи со околу 900 млади фудбалери од генерациите 2003, 2004, 2005 и 2006-та.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Струмица нема заболени од коронавирус, објавени бројките во изминатите 24 часа

Во Струмица нема заболени од коронавирус, објавени бројките …

Мар 28, 2020 Вести

Синоќа струмичани беа бомбардирани со пораки на социјалните мрежи и видео од тројца пациенти како со амбулантно возило се носени во Инфективното оддел...

Остани дома, Остани во чекор со „Танец“! Концерт во Струмица

Остани дома, Остани во чекор со „Танец“! Концерт во Струмица

Мар 28, 2020 Магазин

Видео од концертот на Ансамблот „Танец“ одржан на 22 мај минатата година во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица. „На вас е само да ОСТАНЕТЕ ДОМА! „Танец“ ...

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмица, Иван Василевски

На денешен ден почина македонскиот поет и новинар од Струмиц…

Мар 28, 2020 Вести

На денешен ден пред 5 години почина познатиот новинар, поет, драмски писател и публицист од Струмица, Иван Василевски. „Иван Василевски од зборот нап...

Раноградинарите со пластеници не треба да вадат посебни дозволи за движење во време на полициски час, останатите ќе мора

Раноградинарите со пластеници не треба да вадат посебни дозв…

Мар 27, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски во денешната изјава посочи дека заради интензивирање на сезоната на земјоделс...

Бесплатни телефонски броеви и е-маил адреси за да се пријави непочитување на мерките за КОВИД-

Бесплатни телефонски броеви и е-маил адреси за да се пријави…

Мар 27, 2020 Вести

Владата отвори бесплатни телефонски линии за пријавување на непочитување на мерките и препораките против понатамошно ширење на КОВИД-19. За поефикасно...

Тројца струмичани синоќа го прекршиле Полицискиот час

Тројца струмичани синоќа го прекршиле Полицискиот час

Мар 27, 2020 Вести

Десет граѓани од Струмица и Радовиш ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период, информираше СВР Струмица. Според нивното известу...

Во јуни ќе продолжи реконструкцијата на тврдината „Цареви кули“ над Струмица

Во јуни ќе продолжи реконструкцијата на тврдината „Цареви ку…

Мар 27, 2020 Вести

Во почетокот на месец јуни ќе продолжи реконструкцијата и реставрација на Царевите кули над градот Струмица. Ова на својот Фејсбук профил го објави гр...

18 нови случаи на коронавирус, вкупната бројка е 219 лица

18 нови случаи на коронавирус, вкупната бројка е 219 лица

Мар 27, 2020 Вести

Во изминатите 24 часа регистрирани се 18 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (11), Прилеп (4), Куманово (2), Тетово (1). Со ова...