Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција од Корона вирусот

Понеделник, 24 Февруари 2020

Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Заради новонастаната состојба со корона вирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово Комисијата за заразни болести констатираше дека степенот на подготвеност се подигнува на повисоко ниво.

Комисијата донесе нови, зајакнати мерки за превенција од и справување со евентуални заболени, кои дополнително ќе бидат координирани на денешниот состанок со Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Министерството за внатрешни работи, закажан за 17:00 часот. Првичните заклучоци од состанокот на Комисијата за заразни болести се дека се засилува контролата на сите гранични премини и на двата аеродроми во земјата.

На граничните премини се отстапуваат посебни простории каде ќе бидат интервјуирани сите патници кои доаѓаат од ризичните дестинации и ќе се врши првичен скрининг на нивната здравствена состојба. На Скопскиот аеродром, термалната камера се поставува на локација од која ќе се следат сите патници кои пристигнуваат, а не како досега само патниците од Дубаи и Истанбул. Со безконтактен пиштол за мерење на телесната температура ќе се прави скрининг на патниците кои ќе пристигнат од ризични дестинации и на аеродромот во Охрид.

Доколку се јави потреба, Инфективната клиника во Штип ќе функционира како објект за изолација. Тестирањата на сомнителни случаи ќе се вршат на Инфективните клиники во Скопје и во Куманово. Во земјава има доволно реагенси за тестирање на корона вирусот.

Се апелира до граѓаните во целост да ги почитуваат превентивните мерки за заштита:

• Да се воведе дополнителна заштита на храната – да не се консумира храна направена од болни животни;
• Да се воведе дополнителна заштита при подготовка на храната – да се користат различни садови и ножеви за подготовка и сечкање на сирова и да се мијат задолжително рацете после секоја подготовка на храна. При подготовка на месо и јајца истите убаво термички да се обработат;
• Да се воведе посебна заштита при работа на отворени пазари – задолжително носење заштитни опрема, ракавици, маски и мантили, додека се извршуваат работи со животни или производи од животинско потекло, по употребата целата опрема да се извади и да се пере секојдневно. Да се внимава да се заштити семејството од неиспрана работна опрема;
• Да се штити населението од настинки – да се избегнува незаштитен контакт со болни (вклучувајќи и допир на уста, нос и очи), како и незаштитен контакт со домашни или диви животни.
• Задолжително и често миење на раце – и кога не се видливо нечисти да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи чистач за раце кој содржи алкохол;
• Заштита на останатите од заболување – при кашлање или кивање да се заштити устата и носот со марамче или со дланката. По употреба марамчињата да се фрлаат во затворени канти. При кашлање или кивање, како и при грижа за болни задолжително да се мијат рацете.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска се навршуваат 76 години од убиството на народниот херој Благој Јанков Мучето

Денеска се навршуваат 76 години од убиството на народниот хе…

Јул 14, 2020 Вести

14 јули 1944 година. Сабота, пазарен ден во Струмица. Еден од најзлокобните денови што го паметат Струмица и струмичани. На тој ден во таа 1944 година...

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Денеска е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан

Јул 14, 2020 Магазин

Денеска според календарот на Македонската православна црква е Св. маченици и бесребреници Козма и Дамјан. „Болни лекувајте, лепрозни очистувајте, м...

Во кафулињата и рестораните се укинува мерката за седење по двајца или четворица од семејство на една маса

Во кафулињата и рестораните се укинува мерката за седење по …

Јул 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Владата на Република Северна Македонија на на денешната 76-та седница донесе измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостите...

Само шест лица во самоизолација се пријавиле за гласање, од денеска почнува тридневното гласања за избор на пратеници

Само шест лица во самоизолација се пријавиле за гласање, од …

Јул 13, 2020 Вести

Шест лица кои се во самоизолација или позитивни на ковид-19 се пријавиле за гласање на предвремените Парламентарни избори 2020 и тие своето гласачко п...

Денеска е Собор на 12 Апостоли - Павловден

Денеска е Собор на 12 Апостоли - Павловден

Јул 13, 2020 Магазин

Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички пр...

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот пр…

Јул 12, 2020 Вести

Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 07:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатна...

Денеска уште двајца новозаразени во Струмица, активни се 15 лица со ковид-19

Денеска уште двајца новозаразени во Струмица, активни се 15 …

Јул 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две лица, едно од Струмица и едно од Просениково се новозаразени со ковид-19. Во моментот 15 лица се водат како активни случаи во Струмица, а досега о...

„Street Bar“ нов кафе бар во Струмица

„Street Bar“ нов кафе бар во Струмица

Јул 12, 2020 Магазин

Од синоќа во Струмица е отворен нов кафе бар - „Street Bar“... Почнува да се пишува една нова урбана приказна... Пријатна атмосфера за нова кафе-шема...