Од 2 март Струмица го добива првиот Дом за стари лица

Петок, 21 Февруари 2020

Привршуваат финалните работи околу адаптирањето на поранешниот комплекс „Цареви кули“ над Струмица во приватен Дом за стари лица и Дневен центар – „Отворено срце“.

Освен поранешниот ресторан, кој ќе се користи како простор за дневен престој и служење храна и пијалоци, изграден е дополнителен простор со 16 соби и исто толку тоалети (WC) со туш кабини. Собите се со различни димензии и број на лица за живеење, односно еднокреветни, двокреветни и трокреветни, креветите се електрични со прегради и 4 нивоа на подигнување, изработени по Швајцарска лиценца, а секоја соба е со ТВ приемник и интернет врска.

„Дневниот центар за стари лица, со капацитет до 30 лица, ќе започне со работа од 2 март (понеделник), каде во текот на денот, односно од 09:00 до 17:00 часот ќе можат да престојуваат постарите наши сограѓани. Тимот веќе е комплетиран и е составен од 20-тина луѓе, лекари, медицински сестри, физеотерапефти и помошен персонал“ – информираат од Домот за стари лица „Отворено срце“.

За лицата кои ќе престојуваат таму обезбеден е превоз од својот дом во градот до објектот над Струмица, опкружен со природни убавини и чист воздух на надморска висина од 600 метри, а располага и со мала зоолошка градина.

Во текот на денот на престој обезбеден е ручок, пијалоци, разновидни друштвени игри, ТВ приемници, но и интернет конекција, а корисниците во текот на денот ќе имаат и можност неколку часа да отспијат доколку ја имаат таа потреба.

Од „Отворено срце“ најавуваат дека многу наскоро ќе биде пуштен во употреба и Домот за стари лица со капацитет до 20 лица, кои ќе имаат 24-часовна услуга со постојано присуство на медицински сестри и овластени лица кои ќе дават грижа во текот на денот и ноќта.

Заинтересираните граѓани за престој во Дневниот центар за стари лица можат да закажат престој преку телефонскиот број: 075/499-188  /Р.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од Струмица ќе бидат испратени прехранбени пакети за сиромашни семејства во кризните подрачја Куманово и Дебар

Од Струмица ќе бидат испратени прехранбени пакети за сиромаш…

Апр 06, 2020 Вести

Волонтери на Општинскиот кризен штаб при Општина Струмица подготвуваат 700 прехранбени пакети за сиромашни семејства во кризните подрачја, односно опш...

„Комуналец“ направи целосна дезинфекција на затворениот пазар во Трговскиот центар „Глобал“

„Комуналец“ направи целосна дезинфекција на затворениот паза…

Апр 06, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ во соработка со специјализирана фирма за дезинфекција од Скопје изврши целосно чистење и дезинфекција и на Трговскиот центар „Глобал“...

Починаа три лица заболени со коронавирус, денеска 15 нови позитивни случаи

Починаа три лица заболени со коронавирус, денеска 15 нови по…

Апр 06, 2020 Вести

Регистрирани се 15 нови случаи на коронавирус во земјава, по градови: Скопје – 4, Куманово – 8, Тетово – 1, Струга – 1 и Штип – 1. Со ова, вкупната бр...

Полицијата поднесе кривични пријави против 15 струмичани за непочитување полициски час

Полицијата поднесе кривични пријави против 15 струмичани за …

Апр 06, 2020 Вести

СВР Струмица вчера до Основно јавно обвинителство во Струмица има поднесено кривични пријави против 15 лица, кои во претходниот период ја прекршиле за...

СВР Струмица ги повикува фирмите кои работат во 3-та и 4-та смена да си обезбедат дозволи за движење на своите вработени

СВР Струмица ги повикува фирмите кои работат во 3-та и 4-та …

Апр 06, 2020 Вести

Секторот за внатрешни работи Струмица, апелира до сите правни лица и компании на подрачјето кои работат во 3-та и 4-та смена на своите вработени да им...

Од среда полицискиот час започнува во 16:00 часот, викендот целосна забрана на движење

Од среда полицискиот час започнува во 16:00 часот, викендот …

Апр 06, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб...

Објавена нова сликовница од струмичанецот Ване Костуранов

Објавена нова сликовница од струмичанецот Ване Костуранов

Апр 06, 2020 Вести

Новата книга за деца од познатиот македонски илустратор и уметник од Струмица, Ване Костуранов, насловена „Девојчето и градот“, излезе од печат во изд...

ИЈЗ со корекција на бројките: Две лица од карантин во околината на Гостивар и Тетово се со место на живеење во Струмица и Радовиш

ИЈЗ со корекција на бројките: Две лица од карантин во околин…

Апр 05, 2020 Вести

Според најновите информации од Институтот за јавно здравје, по направената епидемиолошка анкета на двете лица пријавени во Гостивар е утврдено дека ед...