Испечатете ја страната

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посети винаријата на „Грозд“

Четврток, 20 Февруари 2020

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, во придружба на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, денеска ја посети фабриката на „Грозд“ во Струмица, каде се произведува струмичката „Мастика“ и безалкохолниот бренд „Струмка“.

Сопственикот на АД „Грозд“, Васе Митев, ја запозна амбасадорката Галовеј со процесот на производство на светски познатите пијалоци, „Струмичката Мастика“ со традиција подолга од 300 години и „Струмка“, која се произведува од 1953 година.

Делегацијата предводена од амбасадорката Галовеј, ја посетија и винаријата на „Грозд“ во непосредна близина на Струмица, која располага со 700 хектари сопствени лозови насади. Таа беше импресионирана од прекрасниот амбиент на винаријата каде се произведуваат најквалитетните македонски трпезни вина. Го вкуси и виното „Таис“ гроздобер 2007, направено од Мускат-Хамбург, едно од најдобрите вина на оваа струмичка компанија, кое го има пробано и Рускиот патријарх Кирил.

Технологот Тања Митева, која го следи целиот процес на производство на вината од оваа винарија, ја запозна амбасадорката Галовеј и гостите со начинот на создавањето на вината, односно од берба на грозјето, складирањето, процесот на производство до чувањето на финалниот производ во визба длабока 6 метри под површината.

Инаку, вината на струмички „Грозд“ се добитници на повеќе награди и медали во земјава и странство и со својот квалитет се доста барани не само на европските пазари, туку и во прекуокеанските земји.

На амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј, која е во дводневна посета на Струмица, ова и е прва посета на општина од кога е поставена за амбасадор во Македонија, во јули 2018 година. /Р.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Денеска 38 нови случаи на Ковид-19, двајца починаа

Мај 28, 2020 Вести

Во последните 24 часа направени се 560 тестирања, а регистрирани се 38 нови случаи на Ковид-19. По градови, во Скопје 24, во Куманово и Штип 4, Во Тет...

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи парите ќе ги добијат до 3 јули, а треба да ги потрошат до 31 јули

Корисниците на платежните картички за купување на македонски…

Мај 28, 2020 Вести

Корисниците на платежните картички за купување на македонски производи и услуги од домашни компании од третиот владин сет на економски мерки своите 9...

Прекинато е водоснабдувањето во реонот кај транзитниот пат

Прекинато е водоснабдувањето во реонот кај транзитниот пат

Мај 28, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека денеска (четврток, 28 мај), до 13.00 часот, поради изведба на водоводната мрежа без водоснабдување ќе би...

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ-МАКС“ собрани 40 единици крв

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ…

Мај 27, 2020 Вести

Денеска во Службата за трансфузиона медицина во Струмица се организираше крводарителска акција под покровителство на Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ о...

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време до 22:00 часот, на маса по двајца, четворица ако се семејство

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време …

Мај 27, 2020 Вести

Од утре, четврток, 28 мај може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси)...

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени пациенти

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени …

Мај 27, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа тројца пациенти со Ковид-19 починале. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни ...

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица за дополнителни 7 километри

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Стру…

Мај 27, 2020 Вести

Деновиве започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица во должина од 7 километри, во рамките на проектот за подобрување...

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат угостителските објекти

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат …

Мај 26, 2020 Вести

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека од утре, среда, 27 мај се укинува полицискиот час во државата, а угостителските објекти од четврток, 28 мај ќе...