Во Струмица отворена канцеларија на ИНТЕГРА – македонска конзервативна партија

Сабота, 15 Февруари 2020

Синоќа во Струмица на улицата „Младинска“, во зградата „Мавровка“, е отворена канцеларија на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија.

Ова е 22 канцеларија на ИНТЕГРА во државата од планираните 33, во која ќе функционира Општинскиот комитет на партијата во Струмица.

„Интересот на нацијата расте за она кое го говори ИНТЕГРА, за нашата нова политичка визија, довербата на нацијата е неверојатно висока во дадениот момент, секаде кадешто одиме и го погледнеме нашиот народ во очи. Нема триење, нема отпор, едноставно луѓето не прифаќаат, ја сакаат мојата реторика, ја сакаат нашата политичка визија. Едноставно ни веруваат луѓето и сакаат да ме слушнат, сакаат да ја слушнат физијата на ИНТЕГРА, а фала му на Бога и имаме што да кажеме, за нашата Програмска платформа и особено Изборната платформа која е во финална фаза пред објавување за претстојните Парламентарни избори“ – вели Љупчо Ристовски, претседател на ИНТЕГРА, кој присуствуваше на отворање на канцеларијата на ова партија во Струмица.

Ристовски пред струмичани, кои присуствуваа на отворањето на канцеларијата, говореше дека ИНТЕГРА ќе претставува една хидрогенска бомба за умовите, не само за нацијата, туку и за политички противници и од лево и од десно, и за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ.

„Ние навистина претендираме она што ќе го изнесеме на политичката сцена да направи вистински препород. Ја најавуваме новата македонска рененсанса на прагот на третата декада на 21-от век. Имаме висока амбиција, немаме комплекси на пониска вредност во однос на другите партии. Значи стара слава во Македонија повеќе нема да поминува. 30 години Македонија е доведена на ивицата на провалијата, на дно кое не можевме да го замислиме пред 30 години и од тука и нашата порака која ја праќаме насекаде во Македонија, да луѓето сериозно размислат, да го напрегнат својот ум, да го исцедат најдоброто од себе, целиот свој личен потенцијал да го изнесат на површина и да бидат додадена вредност во процесите коишто ги води ИНТЕГРА, за доброто свое, на себе си, на своето семејство, но и на нацијата и татковината“ – кажа Ристовски, потенцирајќи дека ретки се тие историски моменти кога се има историска шанса да се влијае директно на историскиот исчекор на нацијата и државата.

Во однос на настапот за претстојната предизборна кампања, Ристовски вели дека засега ќе одат самостојно како нова политичка опција, иако разговараат со многу политички партии од овој патриотски блок, како што е ИНТЕГРА, но како што вели, премрежјата се сериозни, историскиот момент е сериозен, сондажите на теренот ни даваат за право да држиме ваква стаменита и независна позиција во оваа фаза и во овој момент, а не знаеме времето и миговите што ќе донесат.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во кафулињата и рестораните се укинува мерката за седење по двајца или четворица од семејство на една маса

Во кафулињата и рестораните се укинува мерката за седење по …

Јул 13, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Владата на Република Северна Македонија на на денешната 76-та седница донесе измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостите...

Само шест лица во самоизолација се пријавиле за гласање, од денеска почнува тридневното гласања за избор на пратеници

Само шест лица во самоизолација се пријавиле за гласање, од …

Јул 13, 2020 Вести

Шест лица кои се во самоизолација или позитивни на ковид-19 се пријавиле за гласање на предвремените Парламентарни избори 2020 и тие своето гласачко п...

Денеска е Собор на 12 Апостоли - Павловден

Денеска е Собор на 12 Апостоли - Павловден

Јул 13, 2020 Магазин

Вториот ден од завршувањето на постот е празник на сите 12 Апостоли. Така и се вика празникот: Собор на 12 Апостоли, и тоа е нивен главен заеднички пр...

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот правобранител на денот на изборите

Бесплатна телефонска линија во канцеларијата на Народниот пр…

Јул 12, 2020 Вести

Во канцеларијата на Народниoт правобранител на денот на предвремените парламентарни избори во периодот од 07:00 до 21:00 часот ќе функционира беслатна...

Денеска уште двајца новозаразени во Струмица, активни се 15 лица со ковид-19

Денеска уште двајца новозаразени во Струмица, активни се 15 …

Јул 12, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две лица, едно од Струмица и едно од Просениково се новозаразени со ковид-19. Во моментот 15 лица се водат како активни случаи во Струмица, а досега о...

„Street Bar“ нов кафе бар во Струмица

„Street Bar“ нов кафе бар во Струмица

Јул 12, 2020 Магазин

Од синоќа во Струмица е отворен нов кафе бар - „Street Bar“... Почнува да се пишува една нова урбана приказна... Пријатна атмосфера за нова кафе-шема...

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зелена нафта

Земјоделците од утре со картичка ќе можат да си обезбедат зе…

Јул 12, 2020 Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, вчера од Струмица најави дека од понеделник повторно ќе може да се точи Еуро...

Денеска е Петровден - за многу години!

Денеска е Петровден - за многу години!

Јул 12, 2020 Магазин

Денеска е Св. апостоли Петар и Павле – Петровден. Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот ...