Познати четвртфиналните парови од Купот – ЏИО Струмица ќе игра со Дибра Волеј

Петок, 14 Февруари 2020

Денеска во просториите на Одбојкарската Федерација на Македонија беше извршена полудиригирана ждрепка за четвртфиналето од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција.

КУП натпреварувањето стартуваше во средината на оваа недела со претквалификациските дуели кај дамите од кои Виктори Волеј, Студент, Јанта В.Ф и Пелистер излегоа како победници и се најдоа во 1/4 финалето. Ждрепката одлучи бранителот на титулата Работнички да го има за предизвикувач Пелистер Волеј, Виктори Волеј да се соочи со Вардар, Јанта В.Ф ќе игра против ланскиот финалист Наковски Волеј, додека последната двојка ќе ја сочинуваат Струмица жени и УГД Студент.

Во машка конкуренција, пак, ЏИО Струмица игра против дебитантот Дибра Волеј, Вардар ќе се сретне со Весна Пробиштип, Шкендија за противник ја има Лирија, додека, пак, УГД Студент ќе се соочи со Универзитет во Тетово.

Четвртфиналната фаза се игра во два добиени натпревари, првиот е закажан за 19 февруари, а вториот за 26 февруари, Доколку резултатот во победи и сет-количникот биде идентичен, за пласман во полуфиналето ќе решава таканаречен „златен“ сет до 15 освоени поени.

КУП НА МАКЕДОНИЈА, (МАЖИ) ЧЕТВРТФИНАЛЕ, ДВОЈКИ:

Дибра Волеј – Џио Струмица

Весна Пробиштип – Вардар

Шкендија – Лирија

УГД Студент – Универзитет во Тетово

КУП НА МАКЕДОНИЈА, (ЖЕНИ) ЧЕТВРТФИНАЛЕ, ДВОЈКИ:

Пелистер волеј – Работнички Скопје

УГД Студент жени – Струмица жени

Виктори волеј – Вардар жени

Јанта волеј Форца – Наковски волеј

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ:

Виктори Волеј – Ускана 3:1 (25:10, 25:23, 22:25, 25:13)

Студент – Универзитет Тетово 3:1 (25:22, 20:25, 25:21, 25:18)

Пелистер В. – Македонија Макс 3:1 (21:25, 25:13, 25:13, 25:19)

Јанта В.Ф – Бами Кор 3:0 (25:21, 25:14, 25:13)

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Фев 24, 2020 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ денеска на гости го загубија натпреварот со скопски „Вардар“ во рамките на второто коло од Втора фаза-1 на нашата најсил...

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традиционалната Ловечка вечер

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традицион…

Фев 24, 2020 Вести

И ловџиите од општина Босилово ја завршија ловната сезона со традиционалната Ловечка вечер која се одржа викендот во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. ...

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција од Корона вирусот

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција…

Фев 24, 2020 Вести

Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Заради новонастаната состојба со корона ...

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Фев 24, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше дека вчера во 16:20 часот 28-годишната Е.К. од село Ангелци, општина Василево, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.К. и...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на средба со граѓани од Струмичкиот регион

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на сред…

Фев 23, 2020 Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамките на „Обнова за Македонија“ денеска ги посети населените места во Струмичкиот регион: Ве...

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа…

Фев 23, 2020 Вести

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непрода...

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...