Центарот за развој на Југоистокот во нови простории, отвори и канцеларија за НВО и новите бизнисмени

Петок, 14 Февруари 2020

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со седиште во Струмица се пресели во нови простории, во зградата каде е Централен регистар, односно до „Стоковната куќа“ во Струмица.

Освен работен простор за вработените во Центарот за развој, отворен е и заеднички работен простор кој можат да го користат невладините организации и новоотворени компании, кои немаат свој работен простор.

„Имаме една канцеларија која ќе даде можност на новите фирми да ја користат како потреба од простор и работно место. Истата може да ја користат и консултантски фирми, новинари, граѓански организации, кои имаат потреба од работно место, канцеларија. Просторот може да го користат повремено или постојано. Има и бизнис сала која што дава можност за поголема соработка со сите 10 локални самоуправи од Југоисточниот плански регион, но и за соработка со бизнис секторот за состаноци, менторство, но и помош при апликација и изработка на проекти за користење средства од домашни и странски фондови“ – изјави Жулиета Ѓуркова, раководител на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион на отворањето на канцелариите.

Ова е дел од проектот „Заеднички работен простор – средство за зајакнување на соработката со бизнис секторот“, кој се имплементира преку Грантовата шема за иновативни проекти на Регионалните бизнис центри на планските региони во партнерство со Фондација за развој на мали и средни претпријатија од Струмица и општините од регионот.

Ваквиот проект има за цел преку основање на заеднички работен простор (Co – working space), да го поддржи претприемачкиот амбиент за промовирање на МСП во ЈИПР како и да ги зајакне односите со бизнис секторот и останатите заинтересирани страни.

На свеченото пуштање во употреба на овие простории присуствуваа и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, амбасадароката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Теада, градоначалници од Југоисточниот регион, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов и раководителката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова, кои се имплементатори на овој проект.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Фев 24, 2020 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ денеска на гости го загубија натпреварот со скопски „Вардар“ во рамките на второто коло од Втора фаза-1 на нашата најсил...

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традиционалната Ловечка вечер

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традицион…

Фев 24, 2020 Вести

И ловџиите од општина Босилово ја завршија ловната сезона со традиционалната Ловечка вечер која се одржа викендот во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. ...

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција од Корона вирусот

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција…

Фев 24, 2020 Вести

Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Заради новонастаната состојба со корона ...

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Фев 24, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше дека вчера во 16:20 часот 28-годишната Е.К. од село Ангелци, општина Василево, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.К. и...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на средба со граѓани од Струмичкиот регион

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на сред…

Фев 23, 2020 Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамките на „Обнова за Македонија“ денеска ги посети населените места во Струмичкиот регион: Ве...

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа…

Фев 23, 2020 Вести

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непрода...

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...