Во близина на Ангелци промовирани Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина

Четврток, 13 Февруари 2020

Во атарот на селото Ангелци, општина Василево, денеска беа промовирани Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина, кои се проект од Грантова шема за инвестициски проекти на планските региони, а имаат за цел да ги подобрат условите за заштита на животната средина, преку воведување на современи технологии во земјоделството.

На промоцијата на самиот терен, кај една од вкупно 23 агрометеоролошки станици, присуствуваа и министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, амбасадароката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Теада, градоначалниците од Југоисточниот регион, државниот секретар во Министерството за локална самоуправа, Кирил Парталов и раководителката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова, кои се имплементатори на овој проект.

На промоцијата беа презентирани резулататите од успешно имплементирање на проектот и се истакна дека ваквите регионални проекти ќе имаат директно влијание врз подобрувањето на квалитетот на живеење и регионалната соработка.

„Ги користиме сите можности за овој наш регион да добие компоненти кои во секој поглед и од секој аспект би помогнале во неговиот развој. Еден од ваквите успешни примери е и овој реализиран проект со агрометеорлошките станици кои се надевам ќе бидат правилно искористени и ќе помогнат во подобрувањето на квалитетот на земјоделските производи“ – кажа градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, кој е и претседател на Советот за развој на Југоисточниот плански регион.

Податоците од поставените агрометеоролошки станици, земјоделците од Југоистокот може да ги следат преку мобилната апликација meteobot или директно на веб страницата www.agrojug.mk. Таму се обележани сите 23 станици и земјоделците во зависност од кој реон се, со обични кликнување на најблиската станица може да ги гледат резултатите, но и сугестиите како да го заштитат своето производство.

Проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, беше избран на партиципативен начин со директно учество на граѓаните од Југоисточниот регион преку Грантовата шема за инвестициски и Грантовата шема за иновативни проекти овозможен преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој го имплементираат Министерството за локална самоуправа и Кабинетот на Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација на економски ресори, а со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Почина струмичанецот Кирил Лазаров, еден од најплодните македонски композитори

Почина струмичанецот Кирил Лазаров, еден од најплодните маке…

Ное 27, 2020 Вести

Денеска на 78 години почина Кирил Лазаров од Струмица, еден од најплодните композитори на македонски забавни и новосоздадени песни. Кирил Лазаров е р...

Директен судир помеѓу автомобил и запрежно возило, повредени две лица

Директен судир помеѓу автомобил и запрежно возило, повредени…

Ное 27, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две лица се повредени во сообраќајка која се случи денеска околу 11:00 часот во близина на селото Баница, на регионалниот пат Струмица – Баница - Вељу...

Жената под маска на плоштадот во Струмица светна во портокалова боја, како аларм за подигање на свеста за родово базирано насилство

Жената под маска на плоштадот во Струмица светна во портокал…

Ное 26, 2020 Вести

Струмица дел од акцијата „16 дена активизам против семејното насилство и насилството врз жените и децата“. Споменикот „Жена под маска“ на струмичкиот ...

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе бидат три часа без електрична енергија

Утре неколку компании на излезот од Струмица кон Дабиље ќе б…

Ное 26, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 26 ноември) од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците во к...

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

„Black Weekend“ во „РАЗНОПРОМЕТ АС“

Ное 26, 2020 Маркетинг

Во петок и сабота (27 и 28 ноември), во Продажниот салон на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – „Black Weekend“... Големо намалување на 40.000 артикли распостранети на...

Црвениот крст постави шатори пред Инфективното одделение во Струмица

Црвениот крст постави шатори пред Инфективното одделение во …

Ное 25, 2020 Вести

Општинската организација на Црвен крст во Струмица, заедно со Дирекцијата за заштита и спасување, поставија два шатори пред Инфективното одделение на ...

Струмица денеска со 34 нови случаи на ковид-19, еден струмичанец починал, 19 оздравени пациенти

Струмица денеска со 34 нови случаи на ковид-19, еден струмич…

Ное 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во Македонија се регистрирани 1288 нови случаи со ковид-19 од направените 3349 тестирања. Во Струмица 34 но...

Утре шест часа без електрична енергија ќе бидат населените места Смолари, Старо Коњарево и Дражево

Утре шест часа без електрична енергија ќе бидат населените м…

Ное 25, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информира дека утре (четврток, 26 ноември), од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат: Смолари, Рест...