Денеска младите на СДСМ од Муртино одржаа прес конференција

Сабота, 08 Февруари 2020

Младите на СДСМ од селото Муртино денеска на прес конференција говореа за неодамнешната посета на претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ во ова населено место.

Интегрален текст од прес конференција:

Срамно и жално е што младите членови на ВМРО-ДПМНЕ шетаат низ државата и ја лажат јавноста за некакви закани, уцени и притисоци коишто ги трпеле младите и се иселувале далеку од земјата.

Челникот на младите Јован Јаулески стигнал дури во струмичко Муртино, собрал средношколци и им раскажувал приказни кои немаат врска со реалноста, притоа заборавајќи дека 11 години беа на власт и тие беа деспотите коишто ги држеа во заложништво граѓаните и државата.

Откако без усул 11 години ја пустошеја државата, го крадеа народот и си ги полнеа џебовите, а потоа бегаа и се уште се кријат во туѓи држави, без срам кажуваат како се живеело тогаш, а како сега.

Престанете да ги злоупотребувате и да ги труете младите со вашите лаги и манипулации. Времето на режимот помина, но за жал вие се уште не можете да се ослободите од канџите на вашиот идол Груевски и да видите дека денеска по само 2,5 годишното владеење на СДСМ се живее во слободна и стабилна држава со високи демократски вредности, отворени институции, повисок животен стандард на сите граѓани.

Наместо враќање на мрачното минато на државата со ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните веќе чекорат со СДСМ по правиот пат за нив и за државата.

ВМРО-ДПМНЕ е веќе завршена приказна. Со СДСМ приказната само што започна, се пишува со видливи успеси и гаранции за економски напредок и гарантирана стабилна и безбедна иднина.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Фев 24, 2020 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ денеска на гости го загубија натпреварот со скопски „Вардар“ во рамките на второто коло од Втора фаза-1 на нашата најсил...

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традиционалната Ловечка вечер

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традицион…

Фев 24, 2020 Вести

И ловџиите од општина Босилово ја завршија ловната сезона со традиционалната Ловечка вечер која се одржа викендот во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. ...

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција од Корона вирусот

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција…

Фев 24, 2020 Вести

Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Заради новонастаната состојба со корона ...

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Фев 24, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше дека вчера во 16:20 часот 28-годишната Е.К. од село Ангелци, општина Василево, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.К. и...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на средба со граѓани од Струмичкиот регион

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на сред…

Фев 23, 2020 Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамките на „Обнова за Македонија“ денеска ги посети населените места во Струмичкиот регион: Ве...

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа…

Фев 23, 2020 Вести

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непрода...

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...