Општина Струмица објави препораки за загадувањето на воздухот по надминување на прагот во два последователни дена

Понеделник, 27 Јануари 2020

Општина Струмица на својата веб страница објави препораки од градоначалникот Коста Јаневски, во врска со надминување на праг за информирање на граѓаните на општина Струмица за наредните денови, а поради настанатата состојба со загадувањето на воздухот во агломерација на град Струмица, со големина до 10 микрометри PM10 (2 последователни дена на 25.01.2020 и 26.01.2020), по добиеното известување од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Да се користи јавен превоз со мотори на плин (такси автомобили, такси
комбиња), користење на јавен превоз кога станува збор за локалните населени места,
- Приватните возилата да не се користат без поголема потреба,
- Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време,
- Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе одлуката и контолата на воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила,
- Да не се користи како огревно средство за затоплување на простории:
прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал,
- Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и отпадоци
- Печките за дрва да се користат и одржуваат според упатствата на
производителот и редовно да се чистат оџаците,
- Да се користат печките на пелети, бидејќи имаат повисока ефикасност на согорување во споредба со дрвата,
- Пелетите да бидат квалитетни, направени само од необработено дрво и без остатоци од каква било обработка (лепило, растворувачи, бои и лакови),
- Ефикасното грејно тело го загрева домот, заштедува гориво и пари и ги
намалува емисиите во атмосферата,
- На децата, старите лица, хронично болните од белодробни и срцеви
заболувања, но и за лицата кои работат на отворен простор им се препорачува ограничено движење и активности на отворен простор,
- Носење на филтер маски за дишење,
- Редовно чистење на улиците и пешачките површини во градот од страна на ЈПКД „Комуналец“.

Инаку, вечерва во 18:00 часот во Струмица, според официјалните податоци на Министерството за животна средина, е регистрирана висока концентрација од 313 ПМ10 честички во воздухот, а во изминатите два дена таа изнесуваше 375 ПМ10, синоќа во 23:00 часот, додека во саботата во 21:00 часот достигна до 381 ПМ10 честички во воздухот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Фев 24, 2020 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ денеска на гости го загубија натпреварот со скопски „Вардар“ во рамките на второто коло од Втора фаза-1 на нашата најсил...

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традиционалната Ловечка вечер

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традицион…

Фев 24, 2020 Вести

И ловџиите од општина Босилово ја завршија ловната сезона со традиционалната Ловечка вечер која се одржа викендот во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. ...

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција од Корона вирусот

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција…

Фев 24, 2020 Вести

Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Заради новонастаната состојба со корона ...

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Фев 24, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше дека вчера во 16:20 часот 28-годишната Е.К. од село Ангелци, општина Василево, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.К. и...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на средба со граѓани од Струмичкиот регион

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на сред…

Фев 23, 2020 Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамките на „Обнова за Македонија“ денеска ги посети населените места во Струмичкиот регион: Ве...

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа…

Фев 23, 2020 Вести

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непрода...

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...