„ЏИО Струмица“ ја промовира одбојката во училиштата под покровителство на Европската одбојкарска федерација

Понеделник, 27 Јануари 2020

Дваесеттина ученици имаа можност да бидат дел од теоретската и практична настава по одбојка во Спортската сала „Партизан“, во организација на Одбојкарскиот клуб „ЏИО Струмица“, а под покровителство на Европската одбојкарска федерација (CEV).

„Некои од нив можеби ќе бидат дел од клубот „ЏИО Струмица“, ќе го следат патот на лидерите на македонската репрезентација, како што се Никола Ѓоргиев, Александар Љафтов, Владо Милев и Ѓорги Ѓоргиев“ – пишува во сторијата на официјалната веб страница на CEV.

„Поранешни и сегашни одбојкарски ентузијасти од градот се обидуваат да одржат такво ниво и да ја развијат следната генерација елитни играчи. Затоа, училишниот проект на CEV во соработка со Одбојкарската федерација на Македонија беше само едно дело од постапките на ЏИО Струмица во обид да привлече младинци кои редовно ќе започнат да играат одбојка“.

Во својата сторија, CEV пишува и дека градот Струмица е главен град на македонската одбојка на многу начини. Екипата на „ЏИО Струмица“ се актуелни национални шампиони и носители на титули во националниот куп, а три од четирите женски екипи од овој град ќе играат во втората фаза од националната лига. Покрај тоа, две третини од машката репрезентација е составена од играчи од југоистокот на балканската земја, а овој посебен тим дефинитивно го остави својот белег на Европското првенство во Љубљана во септември. Затоа, како што пишува CEV, „татковците“ на одбојка во Струмица со право се горди на резултатите што ги постигнале досега.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Фев 24, 2020 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ денеска на гости го загубија натпреварот со скопски „Вардар“ во рамките на второто коло од Втора фаза-1 на нашата најсил...

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традиционалната Ловечка вечер

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традицион…

Фев 24, 2020 Вести

И ловџиите од општина Босилово ја завршија ловната сезона со традиционалната Ловечка вечер која се одржа викендот во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. ...

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција од Корона вирусот

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција…

Фев 24, 2020 Вести

Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Заради новонастаната состојба со корона ...

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Фев 24, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше дека вчера во 16:20 часот 28-годишната Е.К. од село Ангелци, општина Василево, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.К. и...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на средба со граѓани од Струмичкиот регион

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на сред…

Фев 23, 2020 Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамките на „Обнова за Македонија“ денеска ги посети населените места во Струмичкиот регион: Ве...

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа…

Фев 23, 2020 Вести

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непрода...

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...