Кои се најдобрите спортисти и спортски екипи на Струмица за 2019-та

Сабота, 25 Јануари 2020

Струмица ги избра најдобрите спортисти за 2019-та година на традиционалната манифестација „Спортист на годината“, која се одржа синоќа во хотелот „Студио ИН“ во Струмица.

Одбојкарскиот репрезентативец Ристо Николов од ОК „ЏИО Струмица“ е најдобриот спортист за изминатата година во сениорска конкуренција.

Според резултатите на комисијата составена од спортски работници, второто место го освои Љупче Дориев од ФК „Академија Пандев“, додека на третото место е Теодора Димоска од ЖФК „Тиверија“ Струмица.

Одбојкарскиот клуб „ЏИО Струмица“ и оваа година е најдобра спортска екипа во сениорска конкуренција во квалитетен екипен спорт. Втора е екипата на ФК „Академија Пандев“, додека трета екипата на ЖФК „Тиверија“.

Најдобар тренер во сениорска конкуренција е Југослав Тренчовски од ФК „Академија Пандев“. Зад него е Кире Ричлиев од ОК „ЏИО Струмица“, додека трет е Хари Наковски од ОК „Наковски Волеј“.

За најдобра спортска екипа во младинска конкуренција е прогласена екипата на ЖФК „Тиверија“ (кадетки/младинки), втори се ФК „Академија Пандев“ (пионери, генерација 2002), додека трети се младинките на ОК „Наковски Волеј“.

Најдобар млад спортист во млади категории е Марко Алчевски од ФК „Академија Пандев“, втора е Слаѓана Ѓоргиева од ЖФК „Тиверија“, додека третото место со ист број поени го поделија Драган Алексиќ од КК „МВП“ и Дејвид Ѓоргиев од ОК „ЏИО Струмица“.

Кај тренерите во младинска категорија, најдобра е Александра Ристовска од ЖФК „Тиверија“, втор е Ѓорги Стојчев од ФК „Академија Пандев“, додека трет Александар Митев од ОК „Наковски Волеј“.

Најуспешна младинска екипа во масовен спорт е училишниот спортски клуб на ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица, додека за најдобар спортист во младинска конкуренција во масовен спорт се прогласени Марија Пакетова и Тинка Недева од ООУ „Видое Подгорец“.

За најуспешна спортска екипа во млади категории во квалитетен индивидуален спорт е прогласен Пинг-понгарскиот клуб „Астраион Мега Спин“, а поединечно како најуспешни спортисти во ова категорија се прогласени: прво место за Максим Илиев од Карате клуб „Шихан“, второто место го поделија Борис Секулов од ППК „Астраион Мега Спин“ и Наско Стапенов од Атлетскиот клуб „Струмица“, додека трета е Љубица Андоновска од Тениски клуб „НЕТ“.

Најдобар тренер во млади категории во квалитетен индивидуален спорт е Атанас Василев од Карате клуб „Шихан“, зад него е Зоран Спасов од Кик Бокс клубот „Тим Зоран“, додека трета е Верица Целески од ППК „Астраион Мега Спин“.

Екипата на Кик Бокс клубот „Тим Зоран“ е прогласена за најуспешна спортска екипа во сениорска конкуренција, а Витан Витанов од овој клуб е најдобар спортист во квалитетен индивидуален спорт.

На манифестацијата „Спортист на годината“, плакети добија Марјан Гоцевски од ОФС Струмица како најдобар судија во Македонија за 2019-та, и одбојкарот Никола Ѓоргиев како наистакнат спортист интернационалец.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...

„Рок симфонија“ интерпретирана од 25 музичари и популарната Дани се слушаше синоќа од Центарот за култура во Струмица

„Рок симфонија“ интерпретирана од 25 музичари и популарната …

Фев 23, 2020 Вести

„Рок симфонија“ се слушаше синоќа од Центарот за култура во Струмица, интерпретирана од 25-те врвни музичари, под диригентска палка на Владимир Димовс...

Уредување на стар или поставување на нов паркет

Уредување на стар или поставување на нов паркет

Фев 23, 2020 Маркетинг

Комплетна услуга за вашиот паркет… Редење, стругање, фугирање, лакирање и полирање… Корнење/прередување на стариот паркет и комплетна обработка… Во Ст...

Марија, Мики, Дени и Јована четворицата херои во инклузивната претстава „Пепелашка“ ја воодушевија струмичката публика

Марија, Мики, Дени и Јована четворицата херои во инклузивнат…

Фев 22, 2020 Вести

Покажаа дека и тие можат како и сите други, покажаа дека можат да танцуваат, да пејат. Покажаа дека и тие се со желби и соништа, дека сакаат да победу...

Карневалско музичко возење НАГОРЕ

Карневалско музичко возење НАГОРЕ

Фев 22, 2020 Магазин

Струмички карневал 2020! Возбудата расте НАГОРЕ. За прв пат годинава маскенбал, ГОРЕ. Освен многу маски, супер МУЗИЧКА програма за сите кои сакаат да ...

Во близина на Струмица во паркирано возило откриени 47 мигранти, возачот побегнал

Во близина на Струмица во паркирано возило откриени 47 мигра…

Фев 22, 2020 Вести

Синоќа околу 21:00 часот на излезот од Банско кон селото Свидовица – струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Регионален центар за гранични р...

Планинарите тргнаа пеш од Струмица кон вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски во Скопје

Планинарите тргнаа пеш од Струмица кон вечното почивалиште н…

Фев 22, 2020 Вести

Петнаесеттина планинари тргнаа од Струмица кон вечното почивалиште на поранешниот претседател Борис Трајковски, во Скопје. Во наредните четири дена, ...