Глувонемото дете кое беше врзувано за радијатор во Бања Банско, ќе добие 18.000 евра отштета од државата за нечовечно постапување

Четврток, 23 Јануари 2020

Државата треба да му плати отштета во износ од 18.000 евра на 8-годишното дете Л.Р. кое Народниот правобранител при ненадејна посета го најде врзано со завој за радијатор во Заводот за рехабилитација во Бања Банско, кај Струмица во 2012 година, објави порталот „Сакам да кажам“, повикувајќи се на пресуда на Европскиот суд за човекови права и слободи во Стразбур.

Според објавата на порталот „СДК“, судот во Стразбур констатирал повреда на правата на детето со тоа што било врзувано „за негова безбедност“. Одлуката судиите ја донеле едногласно.

Повреден е член 3 од Европската конвенција за човекови слободи и права, која забранува нечовечко и понижувачко постапување. Судиите констатирале дека државата е одговорна за сместување на детето во установа која ги нема потребните ресурси да ги задоволи неговите потреби. Лекарите на ова глувонемо дете му констатирале церебрална парализа и ментални пречки во развојот и врз основа на таа дијагноза било сместено во заводот во Бања Банско, кој е за лекување и третман на лица со физичка попреченост.

Европскиот суд за човекови права и слободи, исто така смета дека имало и повреда на правото на детето за истрага за неговиот случај со нечовечко постапување.

Судот пресуди Северна Македонија да му плати на детето 18.000 евра за морална штета и 1.650 евра за судски трошоци.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа…

Фев 23, 2020 Вести

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непрода...

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...

„Рок симфонија“ интерпретирана од 25 музичари и популарната Дани се слушаше синоќа од Центарот за култура во Струмица

„Рок симфонија“ интерпретирана од 25 музичари и популарната …

Фев 23, 2020 Вести

„Рок симфонија“ се слушаше синоќа од Центарот за култура во Струмица, интерпретирана од 25-те врвни музичари, под диригентска палка на Владимир Димовс...

Уредување на стар или поставување на нов паркет

Уредување на стар или поставување на нов паркет

Фев 23, 2020 Маркетинг

Комплетна услуга за вашиот паркет… Редење, стругање, фугирање, лакирање и полирање… Корнење/прередување на стариот паркет и комплетна обработка… Во Ст...

Марија, Мики, Дени и Јована четворицата херои во инклузивната претстава „Пепелашка“ ја воодушевија струмичката публика

Марија, Мики, Дени и Јована четворицата херои во инклузивнат…

Фев 22, 2020 Вести

Покажаа дека и тие можат како и сите други, покажаа дека можат да танцуваат, да пејат. Покажаа дека и тие се со желби и соништа, дека сакаат да победу...

Карневалско музичко возење НАГОРЕ

Карневалско музичко возење НАГОРЕ

Фев 22, 2020 Магазин

Струмички карневал 2020! Возбудата расте НАГОРЕ. За прв пат годинава маскенбал, ГОРЕ. Освен многу маски, супер МУЗИЧКА програма за сите кои сакаат да ...

Во близина на Струмица во паркирано возило откриени 47 мигранти, возачот побегнал

Во близина на Струмица во паркирано возило откриени 47 мигра…

Фев 22, 2020 Вести

Синоќа околу 21:00 часот на излезот од Банско кон селото Свидовица – струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Регионален центар за гранични р...