Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на ОО на СДСМ Струмица

Четврток, 23 Јануари 2020

„Последниот прес на СДСМ во Струмица покажува дека во редовите на партијата на власт, владее паника. На прес конференција се фалат со покачени плати во образованието и социјалната помош и ги известуваат граѓаните дека „веќе се живеело подобро“ – вели Тања Достинова Запрова, претседател на Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, реагирајќи на прес конференција на Каролина Дончева, координатор на Форумот на жени при ОО на СДСМ во Струмица.

„15 години СДСМ вработува свои кадри во струмичкото основно и средно образование и во градинките. Исплашена од слабите изборни разултати СДСМ си ги потсетува своите дека им ги покачиле платите, за наводно, веќе да живеат подобро“ – додаде Достинова Запрова.

Таа тврди дека сите релевантни податоци зборуваат дека образовниот систем во владеењето на СДСМ е значајно уназаден. Економското опустошување на државата, уништувањето на стопанството и земјоделието направи работната сила во регионот масовно да емигрира, па, како што кажа Достинова Запрова, нормално е овде да дојде до покачување на платите, потенцирајќи дека СДСМ нема да постигне изборен ефект ниту од социјалната помош со која се обидува да ги поткупи најранливите категории на сограѓани.

„Конечно, не е чудно жените од раководството на СДСМ во Струмица последниве години да живеат подобро. По раскрчмување на државата и општината, превработеност во администрацијата и тендерите, редно е некој во земјава и да си живее подобро. Наместо настапи со празна зборови за режим и откако се виде дека сте неспособни, време е да се скриете до 12-ти април, денот кога граѓаните ќе гласат масовно за ВМРО-ДПМНЕ. А потоа, следува обнова на општината и татковината“ – додаде Тања Достинова Запрова.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...

„Рок симфонија“ интерпретирана од 25 музичари и популарната Дани се слушаше синоќа од Центарот за култура во Струмица

„Рок симфонија“ интерпретирана од 25 музичари и популарната …

Фев 23, 2020 Вести

„Рок симфонија“ се слушаше синоќа од Центарот за култура во Струмица, интерпретирана од 25-те врвни музичари, под диригентска палка на Владимир Димовс...

Уредување на стар или поставување на нов паркет

Уредување на стар или поставување на нов паркет

Фев 23, 2020 Маркетинг

Комплетна услуга за вашиот паркет… Редење, стругање, фугирање, лакирање и полирање… Корнење/прередување на стариот паркет и комплетна обработка… Во Ст...

Марија, Мики, Дени и Јована четворицата херои во инклузивната претстава „Пепелашка“ ја воодушевија струмичката публика

Марија, Мики, Дени и Јована четворицата херои во инклузивнат…

Фев 22, 2020 Вести

Покажаа дека и тие можат како и сите други, покажаа дека можат да танцуваат, да пејат. Покажаа дека и тие се со желби и соништа, дека сакаат да победу...

Карневалско музичко возење НАГОРЕ

Карневалско музичко возење НАГОРЕ

Фев 22, 2020 Магазин

Струмички карневал 2020! Возбудата расте НАГОРЕ. За прв пат годинава маскенбал, ГОРЕ. Освен многу маски, супер МУЗИЧКА програма за сите кои сакаат да ...

Во близина на Струмица во паркирано возило откриени 47 мигранти, возачот побегнал

Во близина на Струмица во паркирано возило откриени 47 мигра…

Фев 22, 2020 Вести

Синоќа околу 21:00 часот на излезот од Банско кон селото Свидовица – струмичко, полициски службеници од СВР Струмица и Регионален центар за гранични р...

Планинарите тргнаа пеш од Струмица кон вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски во Скопје

Планинарите тргнаа пеш од Струмица кон вечното почивалиште н…

Фев 22, 2020 Вести

Петнаесеттина планинари тргнаа од Струмица кон вечното почивалиште на поранешниот претседател Борис Трајковски, во Скопје. Во наредните четири дена, ...