Струмичката полиција најавува интензивни контроли во угостителските објекти

Петок, 17 Јануари 2020

Секторот за внатрешни работи од Струмица во претстојниот период ќе презема интензивни мерки и активности во угостителските објекти на подрачјето поради зголемената бучава и гласната музика, раздвиженоста во угостителските објекти, пред се во кафулињата, дискотеките и ноќните барови во кои се позабележително е присуството на младите, посебно во вечерните часови, информираат од Струмичката полиција.

Во соопштението до медиумите се посочува дека активностите на полицијата се ќе бидат насочени во контроли на присуство на малолетници во угостителски објекти по 24:00 часот, точење алкохолни пијалоци на малолетни лица и прегласната музика која неретко ги вознемирува граѓаните, а пред се оние што живеат во близина на угостителските објекти. Во поглед на почитувањето на работното време, во координација со државниот пазарен испекторат, ќе се преземаат координирани мерки и активности.

„За сите сопственици на угостителските објекти кај кои ќе бидат констатирани прекршоци и продолжуват да ги прават, СВР Струмица согласно своите надлежности, во рамките на Законот за прекршоци, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и други законски прописи, ќе подготви соодветни поднесоци, а за правните лица ќе предложи изрекување на соодветни прекршочни санкции“ - се додава во соопштението на Струмичката полиција.

На крајот апелираат до сопствениците на угостителските објекти и граѓаните да ги почитуваат законските правила и прописи, а доколку се констатира состојба спротивна на законот, соодветно ќе се санкционира. 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Во Скопје струмичките одбојкари поразени од „Вардар“

Фев 24, 2020 Вести

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ денеска на гости го загубија натпреварот со скопски „Вардар“ во рамките на второто коло од Втора фаза-1 на нашата најсил...

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традиционалната Ловечка вечер

Ловното друштво „Гоце Делчев“ од Босилово ја одржа традицион…

Фев 24, 2020 Вести

И ловџиите од општина Босилово ја завршија ловната сезона со традиционалната Ловечка вечер која се одржа викендот во хотелот „Цар Самуил“ во Банско. ...

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција од Корона вирусот

Македонија го подигна степенот на подготвеност за превенција…

Фев 24, 2020 Вести

Се подигнува степенот на подготвеност за превенција од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Заради новонастаната состојба со корона ...

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Исчезнато уште едно лице од струмичко

Фев 24, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше дека вчера во 16:20 часот 28-годишната Е.К. од село Ангелци, општина Василево, пријавила дека нејзиниот сопруг Т.К. и...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на средба со граѓани од Струмичкиот регион

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на сред…

Фев 23, 2020 Вести

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во рамките на „Обнова за Македонија“ денеска ги посети населените места во Струмичкиот регион: Ве...

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа за мерките и придобивките во земјоделство

Младите Социјалдемократи одржаа трибина во Струмица, говореа…

Фев 23, 2020 Вести

„Речиси една деценија пазарите ни беа затворени, моите родители се соочува со проблеми при пласман на производите. Или производите остануваа непрода...

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУСТ до 25%

25 години Салон за бела техника „МИЛД“ – од 25 февруари ПОПУ…

Фев 23, 2020 Маркетинг

25 години во Струмица, Салон за бела техника „МИЛД“... По повод јубилејот „МИЛД“ со попуст од 25% на специјално одбрани производи, но и ПОПУСТ од 5%...

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Пандев“, две топки на терен

Комедија на натпреварот меѓу „Македонија ЃП“ и „Академија Па…

Фев 23, 2020 Вести

Комична ситуација се случила во второто полувреме на денешниот натпреварот меѓу фудбалерите на „Македонија Ѓорче Петров“ и „Академија Пандев“ од Струм...