Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија

Среда, 15 Јануари 2020

Струмичанецот Васил Гарванлиев сподели на својот Фејсбук профил дека годинава ќе биде македонски претставник на најголемиот музички фестивал Евровизија кој ќе се одржи во мај во Ротердам, Холандија.

„Од кога паметам за себе, музиката e сѐ што правам, за што постојам, а многу често беше и е единствената светла точка во мојот живот. И покрај тоа што имам долгогодишно искуство на меѓународни сцени свесен сум за предизвикот и одговорноста што претстојат за време на овој глобален настан, особено после успешниот пласман со Тамара минатата година“, напиша Гарванлиев.

Гарванлиев учествуваше на фестивалот минатата година кога истиот се одржа во Израел. Тој беше придружен вокал на македонската претставничка Тамара Тодевска, заедно со струмичанката Александра Јанева и со Антониа Гиговска, каде го постигнаа најголемиот успех на Македонија на фестивалот, освојувајќи го осмото место со песната „Proud“.

Васил е роден во Струмица. Тој ѝ стана познат на јавноста кога на 7-годишна возраст учествуваше на фестивалот „Златно славејче“ и се прослави со песната „Марионка“. На 10 години се преселува со неговото семејство во САД. Таму продолжува да го гради музичкото искуство и пее поп соло во Чикаго. На 17 години со неговото семејство е депортиран од САД и животот и образованието го продолжува во Милано, Италија, а подоцна и во Торонто, Канада каде е примен со целосна стипендија на Кралскиот конзерваториум.

Васил во 2018 година се врати во Струмица, привлекувајќи го вниманието на македонската естрада со неговата песна „Ѓердан“ која ја објави во септември. Во април минатата година го сподели својот проект насловен „Дом, патување, љубов“ кој е спој на седум македонски евергрини и традиционални песни од последните 60 години, тематски споени во три столбови на дом, патување и љубов, прикажени во сесија во живо, снимена пред ограничена публика во струмичкиот Дом на културата со поддршка на гитара од струмичанецот Горан Алиќ.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на клиниката во Скопје

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на …

Јан 27, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:00 часот на местото викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, со ловџиска пушка бил погоден 64-годи...

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и пробивање на шумски пат

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и проби…

Јан 26, 2020 Вести

Педесеттина граѓани денеска се собраа на сретсело во Старо Коњарево за да го искажат нивното несогласување со изградбата на шумски пат за сеча на огре...

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Јан 26, 2020 Вести

Тимот на Академија Пандев го помина нерешено вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Балтика, клуб кој се натпреварува во второто по ...

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфатени над 11.700 невработени граѓани

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфа…

Јан 26, 2020 Вести

Повеќе од 11.700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот...

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминува на лекување во Турција

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминув…

Јан 26, 2020 Вести

За околу еден месец, со помош на хуманите граѓани кои донираа, собрани се потребните средства за лекување на малиот Ѓорги Трајков од Струмица. Три и п...

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробивање пат кај месноста Дебел Бук

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробив…

Јан 25, 2020 Вести

За утре во 10:00 часот жителите на селото Старо Коњарево, општина Ново Село организираат мирен протест под мотото: „СТОП за смртта на Беласица“. Прек...

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорача резултатите до граѓаните

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорач…

Јан 25, 2020 Вести

„Владата предводена од СДСМ за само две и пол години, многу порано од предвидениот рок, успеа да ги испорача до граѓаните резултатите од своето работе...