Здружението за локална демократија Центар на заедницата на општина Струмица, во рамките на проектот „Младите - клуч за иднината на бизнис секторот“, денеска во 17:00 часот на третиот кат во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица ќе отвори Инфо пункт за млади невработени и бизнис секторот.
Станува збор за канцеларија во која младите ќе можат да се обратат и да добиваат информации за тоа што нуди бизнис секторот во Струмица, во делот на вработување, практична работа и волонтерство.
Инфо пунктот ќе го користат и бизнисмените, кои преку него ќе дојдат до млади кадри за вработување според потребите во сопствените бизниси.
Инфо пунктот ќе дава и услуги на кариерно советување, профилирање на личноста и помагање во избирање на професија за младите невработени.
Проектот „Младите - клуч за иднината на бизнис секторот“ се спроведува во партнерство со Здружението за заштита на бизнис интересите на компаниите во Струмичкиот регион – Струмичка бизнис заедница, а во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD“, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Проектот работи во насока на подобрување на положбата на пазарот на трудот на младите невработени лица и лица кои се дел од маргинализирани групи, првично преку детерминирање на компетитивните предности со кои што тие лица располагаат.
.
.
Јан 21, 2021 Вести
Поради заминување во пензија, д-р Наќе Гогов е разрешен од функцијата директор на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица. Со одлука на министерот Венко Филип...
Јан 20, 2021 Магазин
Македонската радио телевизија објави дека Васил Гарванлиев повторно ќе ја претставува Македонија на Евровизија. „Според јасно утврдените правила од...
Јан 20, 2021 Вести
Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јануари 2021 година, кои согласно законското усогласување што се врши според д...
Јан 20, 2021 Вести
Владата на вчерашната 40-та седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе измени на одлуката на работното време на рестораните и друг...
Јан 20, 2021 Магазин
Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...
Јан 19, 2021 Вести
На денешната 40-та седница Владата ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Гл...
Јан 19, 2021 Веб Билборд
Логопед од Струмица нуди рехабилтациски третман на лица со оштетување на говорот, слухот, гласот и голтањето. Работи во домашни услови. Повеќе информа...
Јан 19, 2021 Магазин
Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во во...
Error: No articles to display