Ристова Патрикова: Локалната власт на Струмица, предводена од СДСМ, во изминатите две години работеше посветено и квалитетно

Вторник, 14 Јануари 2020

„Локалната власт на Струмица, предводена од СДСМ, во изминатите две години работеше посветено и квалитетно за да го подобри животот на граѓаните. Урбаната и руралната инфраструктура беа меѓу приоритетите. Се работеше плански и се намалуваа разликите помеѓу градската и средината во населените места“ – кажа на денешната прес конференција, Софија Ристова Патрикова, член на Централниот одбор на СДСМ.

Таа вели дека во овој период се асфалтираше вкупна површина од 17.342 метри квадратни и тоа 8 улици во Банско, по 3 во Габрово и Вељуса, 10 улици во Муртино, 5 во Куклиш, по 2 во Градско Балдовци, Баница, Водоча, Рич, Костурино, Свидовица, Раборци и Добрејци, каде беше ставен и втор слој асфалт на главната улица.

„Паралелно со поставувањето на нов асфалтен слој се реконструираа и постоечките улици со втор слој асфалт. Со овој градежен зафат беа опфатени улиците „11-ти Септември“, „Ката Поцкова“, „Монополска“, „Генерал Боро Поцков“, „Бетовенова“, „Младинска“ на потегот од улицата „Ѓорѓи Василев“ до улицата „Ристоман Попчевски“, „Ѓорѓи Василев“ на потегот од улицата „Киро Абрашев“ до улицата „Ристо Ќурчиев“. Втор слој асфалт е ставен на булеварот „Ленинова“ на потегот од булеварот „Маршал Тито“ до улицата „24-ти Октомври“, на кружниот тек „Бурчо“, на улиците „Жртви на фашизмот“, на краци од улицата „Тимо Тренчев“, дел од улицата „Киро Абрашев“, на улиците „Херој Карпош“, „Кузман Јосифовски Питу“ и „Крсте Мисирков“ на вкупна површина од 31.553 метри квадратни.

Ристова Патрикова на денешната прес конференција информираше и дека се подобрувале условите за живот и со изведување на бетонски работи во Попчево, Водоча и Сачево и на повеќе локации во градот. Реализирани биле вкупно 18 проекти. Во 2018 и 2019 година се изврши и пробивање, тампонирање и прв слој асфалт во градот и индустриските зони во должина од 4.881 метар. Се реализираа и изведоа и тротоари со бехатон плочки на површина од 4.372 метри квадратни.

„Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се изврши и подобрување на дел од регионалната патна инфраструктура. Се рехабилитираше клучката кај Куклиш, патот Куклиш Свидовица, Дабиле – граничен премин Ново Село на македонско – бугарска граница, патот од Војславци до Радовиш, а на пролет ќе започне проширувањето на патот Струмица – Дабиле кој ќе има 4 коловозни ленти“ – кажа Софија Ристова Патрикова.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Изборот на 15 јули е помеѓу силна економија – шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО-ДПМНЕ и бркање на младите, вели Костадинов

Изборот на 15 јули е помеѓу силна економија – шанса за млади…

Јул 06, 2020 Избори 2020

Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политики со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво врабо...

Ново име на македонска поп сцена – струмичанката Сања Димова со своето првенче „Знам да кажам не“

Ново име на македонска поп сцена – струмичанката Сања Димова…

Јул 05, 2020 Магазин

На македонската забавна музичка сцена се појавува ново име, 19-годишната струмичанка Сања Димова. Иако уште од мало дете е со музиката, живее во музич...

Се издава стан во центарот на Струмица

Се издава стан во центарот на Струмица

Јул 05, 2020 Веб Билборд

Се издава стан од 60 м² во центарот на Струмица, спроти малиот Градски парк. Подетални информации на: 072/250-200...

Заев: Покажавме дека можеме многу подобро од ВМРО-ДПМНЕ, кои знаат само да земаат од граѓаните

Заев: Покажавме дека можеме многу подобро од ВМРО-ДПМНЕ, кои…

Јул 05, 2020 Избори 2020

Време е за нови инвестиции, време е за нови иницијативи, за нови успеси на кои се обврзуваме и пред граѓаните и пред нашата економија, порача на прес-...

Актерот Стојан Велков Трн со молк протестира на плоштадот во Струмица, гневен на институциите околу изградба на рудникот кај Иловица

Актерот Стојан Велков Трн со молк протестира на плоштадот во…

Јул 05, 2020 Вести

Еден час, со транспарент во раката, со залепена уста, на плоштадот во Струмица, познатиот актер и еден од најгласните говорници против отворањето на р...

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коронавирус, и денеска Скопје со најмногу заболени 64 лица

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коро…

Јул 04, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 64, Тетово 16, Гостивар 9, Куманово 8, Стр...

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домаш…

Јул 04, 2020 Вести

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна кар...

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевски, носители на режимот, вели кандидатот за пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевс…

Јул 04, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека сите носители на листите на В...