Струмичкиот карневал 2020 ќе се одржи на 29 февруари, интервју со Александар Цицимов

Понеделник, 13 Јануари 2020

Струмичкиот карневал годинава одбележува јубилеј – 30 години организирана форма на оваа манифестација, која е вековна традиција на струмичани.

„Интернационалното карневалско дефиле ќе се одржи на 29 февруари (сабота), низ улиците на Струмица, претходната вечер е Маскенбалот во хотелот „Сириус“, но збогатен со карневалистите од странство кои ќе се претстават пред маскираните струмичани“ - кажа во интервју за порталот СтрумицаНет, Александар Цицимов, претседател на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

На 26 февруари ќе почне карневалската недела, градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски ќе им го предаде клучот од градот на карневалистите и со тоа една недела тие „ќе управуваат“ со градот. Ќе биде промовирана Монографија за 30-те години јубилеј. „Концертот под маски“ на Музичкото училиште по 10-ти пат ќе се одржи на 27 февруари.

По главната карневалска вечер, недела, на Прочка е Детскиот карневал, а следниот ден Чист понеделник со варење бел грав во големиот лонец на плоштадот во Струмица. На традиционалниот ден на Струмичкиот карневал, во вторник ќе се одржи Карневалска забава со наградените карневалисти. Во среда, 4 март се Тримерските празнувања кога и завршува карневалската недела.

Цицимов најави дека на Струмичкиот карневал 2020 се очекува да учествуваат околу 650 карневалисти од Италија, Словенија, Германија, Хрватска, Албанија, Бугарија, Србија, Црна Гора, и околу 850 од неколку градови во Македонија, најмногу ќе бидат струмичките карневалисти, секогаш со своите креативни и атрактивни маски. /Р.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и пробивање на шумски пат

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и проби…

Јан 26, 2020 Вести

Педесеттина граѓани денеска се собраа на сретсело во Старо Коњарево за да го искажат нивното несогласување со изградбата на шумски пат за сеча на огре...

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Јан 26, 2020 Вести

Тимот на Академија Пандев го помина нерешено вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Балтика, клуб кој се натпреварува во второто по ...

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфатени над 11.700 невработени граѓани

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфа…

Јан 26, 2020 Вести

Повеќе од 11.700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот...

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминува на лекување во Турција

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминув…

Јан 26, 2020 Вести

За околу еден месец, со помош на хуманите граѓани кои донираа, собрани се потребните средства за лекување на малиот Ѓорги Трајков од Струмица. Три и п...

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробивање пат кај месноста Дебел Бук

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробив…

Јан 25, 2020 Вести

За утре во 10:00 часот жителите на селото Старо Коњарево, општина Ново Село организираат мирен протест под мотото: „СТОП за смртта на Беласица“. Прек...

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорача резултатите до граѓаните

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорач…

Јан 25, 2020 Вести

„Владата предводена од СДСМ за само две и пол години, многу порано од предвидениот рок, успеа да ги испорача до граѓаните резултатите од своето работе...

Александра Јанева: Да продолжат да се пеат песните на Тоше за да живеат

Александра Јанева: Да продолжат да се пеат песните на Тоше з…

Јан 25, 2020 Магазин

Популарната македонска пејачка, Александра Јанева, деновиве ќе биде македонски претставник на музичката манифестација МАС во Белград. Таа има редовни ...