„Умри машки“ ја наполни големата сала на Центарот за култура во Струмица, Кире Ѓоргиев ја постави на сцената за својот јубилеј

Недела, 12 Јануари 2020

Претставата „Умри машки“ од познатиот италијански комедиограф Алдо Николај, видена од окото на режисерот Кире Ѓоргиев, со новата динамика во играта на младите актери, Танкица Стојанова, Ѓорги Трајков, Никола Костадинов и Коле Китанов, ја привлече театарската публиката во Струмица.

Големата сала на НУЦК „Антон Панов“, синоќа полна до последното седиште. Публиката со смеа и аплаузи ја проследи урнебесната комедија на актерската екипа која го понесе главниот терет, а режисерот Ѓоргиев се обиде текстот да го направи да биде реален, чист и многу јасен.

„Текстот дава огромни можности за актерска игра и секогаш сум се трудел актерската игра да биде доминантна во сите проекти, затоа што публиката и актерот кога ќе се спојат заедно тогаш таа фузија на чувства се проточува и проектот живее“ – вели режисерот Кире Ѓоргиев, кој со ова премиерна изведба го означува одбележувањето на својата 40-годишна театарска творба во Струмичкиот Народен театар.

По премиерната изведба на претставата „Умри машки“, со која Струмичкиот театар ја започна театарската сезона за 2020 година, режисерот Кире Ѓоргиев од раководотелот на НТ „Антон Панов“, Драган Маџиров, доби специјален подарок за јубилејот, филигран - пеперутка изработена од срмен конец.

Инаку претставата „Умри машки“ е приказна за една млада убава, фантастична жена, која сите работи ги решава неверојатно брзо и со љубов и која што сака да и се возврати таа љубов. Доколку случајно некој, кој таа го сака, не успее да и ја врати со ист интензитет љубовта што ја дарува, тогаш тој мора да се соочи со сите нејзини „оружја“. /Р.Ѓ./

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на струмичанецот чие тело беше фрлено во браната „Турија“

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на стру…

Јан 27, 2020 Вести

Последното рочиште од судскиот процес против 54-годишниот Марјанчо Велев од Добрејци, струмичко, кој е обвинет за убиство извршено на 7 мај минатата г...

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Габрово

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Га…

Јан 27, 2020 Вести

Пожарот кој вчера избувна меѓу селата Банско и Габрово и зафати површина од еден хектaр целосно е изгаснат синоќа, информираат од Противпожарна единиц...

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на клиниката во Скопје

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на …

Јан 27, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:00 часот на местото викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, од ловџиска пушка бил погоден 64-годи...

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и пробивање на шумски пат

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и проби…

Јан 26, 2020 Вести

Педесеттина граѓани денеска се собраа на сретсело во Старо Коњарево за да го искажат нивното несогласување со изградбата на шумски пат за сеча на огре...

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Јан 26, 2020 Вести

Тимот на Академија Пандев го помина нерешено вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Балтика, клуб кој се натпреварува во второто по ...

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфатени над 11.700 невработени граѓани

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфа…

Јан 26, 2020 Вести

Повеќе од 11.700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот...

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминува на лекување во Турција

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминув…

Јан 26, 2020 Вести

За околу еден месец, со помош на хуманите граѓани кои донираа, собрани се потребните средства за лекување на малиот Ѓорги Трајков од Струмица. Три и п...