Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски имаше средба со земјоделци од Струмичкиот регион

Сабота, 11 Јануари 2020

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска се сретна со земјоделци од Струмичкиот регион, имаше средба во неколку населени места во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село.

Трипуновски вели дека сака на лице место да ги види сите актуелни ситуации кои ги имат земјоделците, да се запознае со нивните предлози и забелешки.

„Во моментов се расадува пролетната зелка, меѓутоа она што сакам да го потенцирам е дека во валандовскиот и гевгелскиот регион каде што во моментов се случува откупот на зимската зелка, таму речиси откупот да е застант. И цената, онаа минимална цена, по која што се откупува е околу 3 до 4 денари. Со оглед на временските услови може да се дојде во ситуација да се преклопат зимската и пролетната зелка во овој регион што ќе значи практично наплив на количина на оваа култура, а нормално во таква ситуација цената ќе биде можеби многу ниска и практично откупот да биде доведен во знак прашање“ – вели Трипуновски.

Тој апелираше до ресорното министерство и до Инспекторатот кој е надлежен во овој регион навремено да преземат мерки, се со цел, како што рече, да се превенираат вакви несакани ситуации кои ќе значат полоша егзистенција на луѓето од овој крај.

„Како дополнителен заменик-министер и на земјоделците овде, во Сарај, им ветив дека ќе бидам постојано помеѓу нив, дека ќе бидам заштитник на нивните права и интереси и дека тоа ќе го извршувам до крајниот ден, а тоа е 12 април кога ќе се случи промената во Република Македонија. И во оние краеви во кои што бев изминативе денови, Ресен, Прилепско, во делот на кочанското поле, речиси секаде ситуацијата е иста, а тоа е дека имаме неисплатени субвенции, дека имаме партиски притисоци врз земјоделците, кои во сопствените изјави го потврдуваат тоа. Речиси еден игнорантски однос на Министерството и Платежната агенција во делот на исплатата на субвенции, кое е едно од најгорливите прашања што земјоделците го потенцираат и нормално си ги очекуваат своите заработени пари во смисла на субвенции и поддршка од програмите кои ги има Министерството“ - кажа Трипуновски по средбата со земјоделци од селото Сарај, општина Босилово.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на клиниката во Скопје

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на …

Јан 27, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:00 часот на местото викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, со ловџиска пушка бил погоден 64-годи...

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и пробивање на шумски пат

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и проби…

Јан 26, 2020 Вести

Педесеттина граѓани денеска се собраа на сретсело во Старо Коњарево за да го искажат нивното несогласување со изградбата на шумски пат за сеча на огре...

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Јан 26, 2020 Вести

Тимот на Академија Пандев го помина нерешено вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Балтика, клуб кој се натпреварува во второто по ...

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфатени над 11.700 невработени граѓани

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфа…

Јан 26, 2020 Вести

Повеќе од 11.700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот...

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминува на лекување во Турција

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминув…

Јан 26, 2020 Вести

За околу еден месец, со помош на хуманите граѓани кои донираа, собрани се потребните средства за лекување на малиот Ѓорги Трајков од Струмица. Три и п...

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробивање пат кај месноста Дебел Бук

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробив…

Јан 25, 2020 Вести

За утре во 10:00 часот жителите на селото Старо Коњарево, општина Ново Село организираат мирен протест под мотото: „СТОП за смртта на Беласица“. Прек...

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорача резултатите до граѓаните

Врешкова: Владата за само 2 и пол години успеа да ги испорач…

Јан 25, 2020 Вести

„Владата предводена од СДСМ за само две и пол години, многу порано од предвидениот рок, успеа да ги испорача до граѓаните резултатите од своето работе...