Во Струмица се одржа Инфо-ден за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата, на располагање се 13,3 милиони евра

Петок, 10 Јануари 2020

Кампањата за информирање и едукација за инструментот за претпристапна помош на Европската Унија за рурален развој продолжува и оваа година, а овој месец е наменет за информирање за условите за поднесување на барањата за мерката 3 „Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, од ИПАРД 2.

Мерката 3, се однесува на инвестиции во преработувачки капацитети за: млеко и млечни производи, месо и производи од месо вклучително јајца и живина, овошје и зеленчук, житарици, мелнички продукти и скроб, растителни производи и маснотии од животни, шира, вино и оцет.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, присуствуваа на работилницата во склоп на инфо-деновите, кои се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на финансиски средства од ИПАРД Програмата 2014-2020.

„Јавниот повик за оваа мерка е веќе во тек и рокот за поднесување на барања е до 11 февруари. На располагање се 13,3 милиони евра“ – рече министерот Димковски, потенцирајќи дека мерката им овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50% од инвестицијата ќе им биде кофинансирана.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, посочи дека Мерката 3 дава можност за отпочнување на нови или модернизирање на постојаните капацитети од преработувачката индустрија, а токму во Струмица и струмичко, како што рече, го има вистинскиот спој помеѓу примарното и секундарното производство. Со помош на овие средства веќе голем број на капацитети се модернизирани и го зголемиле производството, а со тоа стануваат и поконкурентни.

За градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, овој настан е од исклучително значење за општината Струмица и Струмичкиот регион, како најземјоделски регион во државата.

„Се надевам дека ползувајќи ги примерите од успешно реализираните проекти од претходните повици, заинтересираните ќе најдат добри причини за искористување на средствата од споменатата мерка на ИПАРД програмата и дека тоа ќе ги даде посакуваните резултати, како за нив, така и за севкупната наша заедница“ – вели градоначалникот Јаневски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на струмичанецот чие тело беше фрлено во браната „Турија“

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на стру…

Јан 27, 2020 Вести

Последното рочиште од судскиот процес против 54-годишниот Марјанчо Велев од Добрејци, струмичко, кој е обвинет за убиство извршено на 7 мај минатата г...

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Габрово

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Га…

Јан 27, 2020 Вести

Пожарот кој вчера избувна меѓу селата Банско и Габрово и зафати површина од еден хектaр целосно е изгаснат синоќа, информираат од Противпожарна единиц...

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на клиниката во Скопје

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на …

Јан 27, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:00 часот на местото викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, од ловџиска пушка бил погоден 64-годи...

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и пробивање на шумски пат

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и проби…

Јан 26, 2020 Вести

Педесеттина граѓани денеска се собраа на сретсело во Старо Коњарево за да го искажат нивното несогласување со изградбата на шумски пат за сеча на огре...

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Јан 26, 2020 Вести

Тимот на Академија Пандев го помина нерешено вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Балтика, клуб кој се натпреварува во второто по ...

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфатени над 11.700 невработени граѓани

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфа…

Јан 26, 2020 Вести

Повеќе од 11.700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот...

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминува на лекување во Турција

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминув…

Јан 26, 2020 Вести

За околу еден месец, со помош на хуманите граѓани кои донираа, собрани се потребните средства за лекување на малиот Ѓорги Трајков од Струмица. Три и п...