„Стоп за смртта на Беласица“, жителите на Старо Коњарево не сакаат да им се повтори 2004-та

Петок, 10 Јануари 2020

Жителите на подбеласичкото село Старо Коњарево, денеска излегоа на сред село да протестираат и да ја стопираат изградбата на шумски пат за сеча на огревно дрво над нивното село.

Не сакаат да им се повтори 2004-та година, кога во месец ноември имаше огромни свлечишта од планината Беласица и беа уништени повеќе куќи, помошни простории и инфраструктура.

Револтирани се поради сечата на шумата, но и исплашени од  минирањето на теренот. Велат од детонациите веќе имало оштетувања на некои куќи и на резервоарот за вода.

„Само ние си знаеме како ни беше во 2004 година, кога цели ридови се симнаа во селото. Нема да дозволиме да се уништи шумскиот фонд над селото и да се случи ерозија на планината. Со самото пробивање на патот може да дојде до загадување на изворот од каде се снабдуваме со вода за пиење. Со минирањето на патот неколку куќи веќе се оштетени. Бараме итно да прекинат изведбените работи“ – вели Ристо Малинов од Старо Коњарево.

Жителите на Старо Коњарево добија поддршка и од еко активистите од регионот, но и од градоначалникот на општината Ново Село, Никола Андонов, кој беше на мирниот протест. Тој вети дека ќе преземе се што во надлежност на општината и аплеираше до надлежните инспекциски служби да излезат на терен.

„Како општина, побаравме од шумските инспектори и кај Шумското стопанство „Беласица“ да се прекине со пробивање на патот и да се бара алтернативно решение“ – кажа градоначалникот Андонов.

За протестот во Старо Коњарево дозна и министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, кој денеска во Струмица ги промовираше мерките од ИПАРД програмата. Тој кажа дека станува збор за пробивање на шумски пат, а одговорна за таа работа е ЈП „Национални шуми“, односно ШС „Беласица“ во Струмица.

Од Шумското стопанство „Беласица“ информираат дека и сечата на шумата и пробивањето на патот биле дел од десетгодишниот стопански план. Активностите биле легални и согласно законот. Маркацијата за сеча ја одобриле и надлежните инспектори кои пред почетокот на активностите го поминале целиот терен на кој во моментов се работи.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на струмичанецот чие тело беше фрлено во браната „Турија“

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на стру…

Јан 27, 2020 Вести

Последното рочиште од судскиот процес против 54-годишниот Марјанчо Велев од Добрејци, струмичко, кој е обвинет за убиство извршено на 7 мај минатата г...

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Габрово

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Га…

Јан 27, 2020 Вести

Пожарот кој вчера избувна меѓу селата Банско и Габрово и зафати површина од еден хектaр целосно е изгаснат синоќа, информираат од Противпожарна единиц...

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на клиниката во Скопје

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на …

Јан 27, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:00 часот на местото викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, од ловџиска пушка бил погоден 64-годи...

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и пробивање на шумски пат

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и проби…

Јан 26, 2020 Вести

Педесеттина граѓани денеска се собраа на сретсело во Старо Коњарево за да го искажат нивното несогласување со изградбата на шумски пат за сеча на огре...

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Јан 26, 2020 Вести

Тимот на Академија Пандев го помина нерешено вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Балтика, клуб кој се натпреварува во второто по ...

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфатени над 11.700 невработени граѓани

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфа…

Јан 26, 2020 Вести

Повеќе од 11.700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот...

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминува на лекување во Турција

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминув…

Јан 26, 2020 Вести

За околу еден месец, со помош на хуманите граѓани кои донираа, собрани се потребните средства за лекување на малиот Ѓорги Трајков од Струмица. Три и п...