Популарниот Новогодишно-Божиќен концерт на струмичани направи „деценија“ на хуманоста

Недела, 05 Јануари 2020

Деведесеттина поранешни ученици во Струмичката гимназија кои во изминатите девет години беа дел од Новогодишниот-Божиќен концерт, со сегашни ученици членови на хорот на училиштето, вечерва ја заокружија деценијата од овој хуманитарен концерт, кој го започнаа „некогашните“ младинци, а го продолжуваат сегашните генерации ученици од СОУ „Јане Сандански“.

Александра Јанева, Јовче Пандев, Ивана Василева, Ристе Гавровски, Ангела Илиева и други имиња кои се веќе професионално дел од македонската естрадна сцена, изведоа прекрасни композиции од повеќе жанрови на музика, рок, поп, џез…

Концертот е со поддршка на Општина Струмица, а меѓу публиката го следеа и градоначалникот Коста Јаневски со дел од советници, пратеници... Концертот, како и изминатите години наназад, вечерва го следеше и Зорица Заева, сопругата на поранешниот градоначалник и довчерашен премиер, Зоран Заев, кои десет години се вклучуваат и учествуваат во хуманоста на концертот за помош на млади луѓе.

Парите од влезниците ќе бидат наменети за лекување на 21-годишниот Стојче Јовановски, а дел од нив за збогатување со инструменти на Кабинетот по музика во СОУ „Јане Сандански“.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше опожарена куќа и земјоделска површина

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше о…

Авг 07, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше за пожарот кој во средата попладне се случи во селото Гечерлија. Според информацијата, опожарена била куќа во изград...

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна колонија, но без странски уметници

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна коло…

Авг 07, 2020 Вести

Традиционалната меѓународна Струмичка ликовна колонија и годинава ќе се одржи, но без странските уметници, поради ситуацијата со пандемијата. Ќе учест...

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, 62 л/м², попладне невреме со силен ветер и појава на град

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, …

Авг 07, 2020 Вести

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Струмица, 62 л/м², во Прилеп 54, Скопје 50, П...

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струмица“

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струм…

Авг 07, 2020 Вести

Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига, струмичанецот Кире Ричлиев го продолжи договорот за соработка со ОК „ЏИО Струмица“. По потпишув...

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква приказна

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква прика…

Авг 06, 2020 Вести

Во недела започнува деветтото издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“ и ќе трае до 3 септември. Ќе се реализираат 20 бесплатни настани распоредени во...

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски кампањи за подигање на свеста кај струмичани за одредени проблеми

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски …

Авг 06, 2020 Вести

Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица во рамките на проектот „Волонтерство – надеж за иднината“, кој е финансиран од Цивика Мобилитас, о...

Васил Гарванлиев објави „ПриКазна“, нова македонска песна со видео спот

Васил Гарванлиев објави „ПриКазна“, нова македонска песна со…

Авг 06, 2020 Магазин

Струмичанецот Васил Гарванлиев синоќа на неговиот официјален YouTube канал ја објави најновата песна и видеозапис за „ПриКазна“. Ова е негов втор про...

Избувна пожар во стара куќа во Гечерлија, гореше и депонијата кај Добрашинци

Избувна пожар во стара куќа во Гечерлија, гореше и депонијат…

Авг 05, 2020 Вести

Денеска напладне повторно избувна пожер во депонијата кај Добрашинци, се прошири и на околниот рид, а силниот ветар го ширеше и кон акумулацијата „Тур...