Владата го раскина концесискиот договор за отворање рудник за злато и бакар кај Иловица

Вторник, 17 Декември 2019

Владата на седницата што се одржа во Куманово, донесе Одлука за едностран раскин на договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот Иловица, во општина Босилово.

Со оваа одлука Договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина – руди на бакар и злато на локалитетот Иловица, општина Босилово од 2014 година и Анекс на Договорот од 2015 година, еднострано се раскинуваат од страна на концедентот, бидејќи концесионерот нема поднесено барање со целокупна неопходна документација за издавање на дозвола за експлоатација на минерални суровини во рок од четири години по склучување на договорот за концесија за експлоатација на минерални суровини.

Со денот на влегувањето во сила на оваа одлука престанува да важи и Одлуката за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина–руди на бакар и злато на Друштвото за производство, промет и усуги ФЕЛПС ДОЏ ВАРДАР ДООЕЛ Скопје на локалитетот Иловица, општина Босилово од 2012 година. Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија“, соопшти Владата.

Во меѓувреме, концесионерот „Еуромакс Рисорсис“ води постапка пред Управниот суд, каде канаѓаните поднесоа тужба против решението со кое второстепената државна комисија всушност пресече дека тие немаат право да вадат руда на местото каде што се планираше да никне рудникот кај Иловица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Габрово

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Га…

Јан 27, 2020 Вести

Пожарот кој вчера избувна меѓу селата Банско и Габрово и зафати површина од еден хектaр целосно е изгаснат синоќа, информираат од Противпожарна единиц...

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на клиниката во Скопје

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на …

Јан 27, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:00 часот на местото викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, од ловџиска пушка бил погоден 64-годи...

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и пробивање на шумски пат

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и проби…

Јан 26, 2020 Вести

Педесеттина граѓани денеска се собраа на сретсело во Старо Коњарево за да го искажат нивното несогласување со изградбата на шумски пат за сеча на огре...

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Јан 26, 2020 Вести

Тимот на Академија Пандев го помина нерешено вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Балтика, клуб кој се натпреварува во второто по ...

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфатени над 11.700 невработени граѓани

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфа…

Јан 26, 2020 Вести

Повеќе од 11.700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот...

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминува на лекување во Турција

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминув…

Јан 26, 2020 Вести

За околу еден месец, со помош на хуманите граѓани кои донираа, собрани се потребните средства за лекување на малиот Ѓорги Трајков од Струмица. Три и п...

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробивање пат кај месноста Дебел Бук

Жителите на Старо Коњарево утре ќе протестират против пробив…

Јан 25, 2020 Вести

За утре во 10:00 часот жителите на селото Старо Коњарево, општина Ново Село организираат мирен протест под мотото: „СТОП за смртта на Беласица“. Прек...