Прес конференција на Александар Донев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица

Четврток, 12 Декември 2019

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Александар Донев и денеска одржа прес конференција, упатувајќи неколку прашања до градоналникот и институциите во врска со договорот на „Комуналец“ за собирање на отпадот од приватна фирма.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Пред неколку денови ВМРО- ДПМНЕ реагираше заради склучен договор на јавното претпријатие „Комуналец“ од Струмица со приватна фирма.

Јавноста беше запрепастена: 1.200.000 евра ќе плати „Комуналец“ на приватна фирма за чистење на смет.

Непосредно потоа, ВМРО-ДПМНЕ го повика градоначалникот Јаневски на одговорност и договорот беше раскинат.

Со несмасни потези, со цел брзо да се амнестира од одговорност, актуелната локална власт пред јавноста отвори редица прашања:

Дали градоначалникот Јаневски побарал одговорност, на пример од потписникот на договорот?

Каква е таа неодговорна управа на јавно претпријатие која може да потпише штетен договор кој подоцна е раскинат со интервенција на градоначалникот?

Ако не се огласеше опозицијата, што ќе ни се случеше?

Понатаму, дали постојат други штетни договори за кои јавноста не знае? Особено, ако се има предвид дека тендерите во Струмица често завршуват во фирми на блиски роднини на функционери, или пак, со години тендери добиват истите фирми.

Конечно, дали градоначалникот на Струмица, Јаневски е последната институција што реагира, односно, дали се преземат мерки од други надлежни локални и државни институции?

Почитувани, нашата задача добиена од граѓаните како опозиција, ја сфаќаме одговорно.

СДСМ веќе 15 години ја управува општина Струмица и затоа одговорно и сериозно работење значи: прифаќање на грешките и оставки.

 

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Со пари од ЕУ, Општина Струмица ќе набави специјално возило за заштита од пожари и поплави

Со пари од ЕУ, Општина Струмица ќе набави специјално возило …

Сеп 22, 2020 Вести

Повеќенаменско возило со голема проодност за реакција при пожари и поплави со цел да се заштити населението и спречување на ризиците и ублажат последи...

ВИДЕО: Тепачка пред Основниот суд во Струмица

ВИДЕО: Тепачка пред Основниот суд во Струмица

Сеп 21, 2020 Вести

Утрово околу 10:00 часот повеќе лица учествувале во физичка пресметка на тротоарот пред влезот во Основниот суд во Струмица. Од СВР Струмица информира...

Полициски службеници од СВР Струмица делеа едукативен материјал по повод „Европската недела на мобилност“

Полициски службеници од СВР Струмица делеа едукативен матери…

Сеп 21, 2020 Вести

Вчера во попладневните часови кај чешмичката во Градскиот парк во Струмица, Секторот за внатрешни работи преку Отсекот за превенција и Полициската ста...

Утре во неколку села во струмичко ќе има прекин на електричната енергија

Утре во неколку села во струмичко ќе има прекин на електричн…

Сеп 21, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека за утре (вторник, 22 септември) е планирано прекин на електричната енергија во неколку населени мест...

Ќе се прави постмортем тест за украдениот пациент од Струмица

Ќе се прави постмортем тест за украдениот пациент од Струмиц…

Сеп 21, 2020 Вести

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова потврди дека пациентот кој беше украден од струмичката болница ги ...

Нов инцидент во струмичката болница: Роднина нападна лекари по смртта на деветмесечно бебе

Нов инцидент во струмичката болница: Роднина нападна лекари …

Сеп 21, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Попладнево околу 16:00 часот на Детското одделение при струмичката болница починало деветмесечно дете од село Банско, а со правовремена интервенција н...

Двајца млади од Василево повредени во сообраќајка кај Василевската раскрсница

Двајца млади од Василево повредени во сообраќајка кај Василе…

Сеп 21, 2020 Вести

Вчера на патот Струмица – Радовиш, кај Василевската раскрсница се случила сообраќајка во која две лица се тешко повредени, информираат од СВР Струмица...

Струмица со двајца починати пациенти од ковид-19

Струмица со двајца починати пациенти од ковид-19

Сеп 21, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во Струмица денеска се евидентирани двајца починати пациенти со ковид-19 на возраст од 52 и 62 години, соопшти Министерството за здравство. Седум паци...