Општина Струмица му додели награда за животно дело на Перо Христов

Среда, 11 Декември 2019

Наградата за животно дело на општина Струмица, по повод празникот на градот Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ја доби естрадниот уметник Перо Христов за особен придонес во областа на музиката. Наградата на Христов му ја даде градоначалникот Коста Јаневски на денешната свечена седница на Советот на општина Струмица во Центарот за култура „Антон Панов“.

„Честувајќи ги ликовите и делата на Светите петнаесет тивериополски свештеномаченици и гледајќи ги работите од денешна временска рамка, станува нужно доследно да ги ползуваме вредностите кои ни се оставени во наследство. За градот во кој живееме секогаш треба да имаме добри намери и да бидеме упорни истите да изродат добри дела. И треба да знаеме дека Струмица на љубовта ќе ни возврати со љубов, на добрината ќе ни врати со добрина“- рече во своето обраќање градоначалникот Јаневски, по повод патрониот празник на градот.

Годишни награди на општина Струмица за 2019-та година им беа доделени на Томе Ефтимов, млад научник, постдокторски истражувач на Универзитетот „Стенфорд“ во Калифорнија, САД, на НУ Центар за култура „Антон Панов“ Струмица, која годинава го одбележува својот јубилеј -70 години постоење на Народниот театар, на Основното Музичко училиште „Боро Џони“ Струмица, на крводирателот Симеон Николов од Струмица со 160 пати дарување крв, на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица, на Светлана Маџункова за особен придонес во областа на медицината, на Ристо Тасев за особен придонес во областа на новинарството и на Ице Биличев за особен придонес во областа на книжевноста.

Општина Струмица додели и специјално признание на Сибил Зутер Техада, амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија, за извонредната соработка и поддршка во реализација на значајни проекти.

На свечената седница, која се одржа во присуство на голем број граѓани, гости од црковниот, политичкиот и општествениот живот, претставници од дипломатскиот кор во Република Северна Македонија и други гости од земјата и странство, свој музички настап имаа хорот при СОУ „Јане Сандански“, Васил Гарванлиев и младите музичари од музичкото училиште „Боро Џони“, Ивана Мазнејкова и Лука Митев.

Во рамките на одбележувањето на празникот, вечерва во 19:00 часот е годишениот концерт на „Распеани струмичани“, а утревечер со концертот на Ленче и Горан Кукиќ со „Јупитер“ завршуваат активностите по повод патрониот празник на градот Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Глувонемото дете кое беше врзувано за радијатор во Бања Банско, ќе добие 18.000 евра отштета од државата за нечовечно постапување

Глувонемото дете кое беше врзувано за радијатор во Бања Банс…

Јан 23, 2020 Вести

Државата треба да му плати отштета во износ од 18.000 евра на 8-годишното дете Л.Р. кое Народниот правобранител при ненадејна посета го најде врзано с...

Со кучиња трагачи се бара исчезнатата Марија Брзакова од Босилово

Со кучиња трагачи се бара исчезнатата Марија Брзакова од Бос…

Јан 23, 2020 Струмица

Веќе пет дена семејството на 28-годишната Марија Брзакова од Босилово, струмичко, нема сознанија каде би можела да биде младата жена, која во саботата...

Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на ОО на СДСМ Струмица

Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на ОО на…

Јан 23, 2020 Вести

„Последниот прес на СДСМ во Струмица покажува дека во редовите на партијата на власт, владее паника. На прес конференција се фалат со покачени плати в...

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без струја 12:30 до 15:30 часот

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без стру…

Јан 22, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (среда, 22 јануари), од 12:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат населените мес...

БИРОСЕФ Струмица вработува

БИРОСЕФ Струмица вработува

Јан 22, 2020 Веб Билборд

Компанијата „БИРОСЕФ“ од Струмица има потреба од бравари, електричари и општи работници. За аплицирање испратете CV на info@birosafe.com. Подетални ин...

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбалери од својата школа

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбал…

Јан 21, 2020 Вести

Фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ од Струмица информира дека продолжува со потпишување на професионални договори со млади фудбалери кои произлегуваа...

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, подобрен семеен буџет

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, по…

Јан 21, 2020 Вести

Каролина Дончева, член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ во Струмица, вели дека по заслуга на прогресивните политики кои ги спров...

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Јан 21, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 15 часот во Полициската станица во Струмица, Б.Б. (29) од Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во Боси...