Триесеттина наставници и професори ќе пеат на сцената во Центарот за култура

Недела, 08 Декември 2019

Струмичани ќе имат можност да ги видат струмичките наставници и професори од основните и средните училишта на големата сцена во Центарот за култура, како пеат, но и играт на музика од познати филмови.

Овој интересен настан насловен „Големи уметници на голема сцена“ ќе биде утревечер (понеделник, 9 декември), од 20:00 часот, а ќе настапат триесеттина наставници и професори од средните општински училишта „Јане Сандански“, Димитар Влахов“ и „Никола Карев“, од основните училишта „Маршал Тито“ од Струмица, „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље, како и од музичкото училиште „Боро Џони“.

„Идејата беше преку оваа манифестација да ги обединиме сите училишта, основни и средни училишта од општина Струмица на едно место, а воедно да ги мотивираме наставниците да пулсираат заедно, да се дружат, и најважно од се да се забавуваат. Со овој проект наставниците и професорите ќе имаат можност за миг, секојдневната стресна динамика во училиштето да ја заменат со опуштено креирање, творење и забавна интеракција“ – ни кажа професорката Ана Тимова од музичкото училиште „Боро Џони“, која е еден од организаторите на овој музички настан.

„Големи уметници на голема сцена“ е во рамките на програмата за одбележување на патронот на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, а влезот ќе биде слободен.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Денеска во болницата во Струмица хуманитарна организација од Австрија достави полн шлепер со медицинска опрема

Денеска во болницата во Струмица хуманитарна организација од…

Јун 04, 2020 Вести

Шлепер со медицинска опрема на транспортната компанија „Зиго-Шпед“ од Радовиш, денеска во струмичката болница донесе донација од Австрија испратена од...

Пазарите во Струмица во сабота ќе работат од 6 до 14 часот

Пазарите во Струмица во сабота ќе работат од 6 до 14 часот

Јун 04, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека зелените пазари ТЦ „Глобал“, „Чешел“ и „Кантон“ во петок ќе бидат затворени, а во сабота „Чешел“ и „Кант...

Струмичката полиција ќе ги зачести контролите, апелираат до угостителите, маркетите и граѓаните да ги почитуваат протоколите и мерките

Струмичката полиција ќе ги зачести контролите, апелираат до …

Јун 04, 2020 Вести

Секторот за внатрешни работи Струмица, упатува апел до сопствениците на угостителски објекти и сопствениците на маркети строго да ги почитуват прецизн...

Денеска рекордни 120 новозаболени со коронавирусот, еден регистриран и во Струмица

Денеска рекордни 120 новозаболени со коронавирусот, еден рег…

Јун 04, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Најголема бројка досега на новозаразени со коронавирусот во државата во еден ден. Денеска се регистрирани 120 нови случаи, од кои еден и во Струмица, ...

На 10 јуни ќе се прска против комарци по земјен пат

На 10 јуни ќе се прска против комарци по земјен пат

Јун 04, 2020 Вести

Од Општина Струмица информираат дека на 10 јуни (среда) во периодот од 18:00 до 02:00 часот во општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село ќе с...

ВМРО-ДПМНЕ: СДС три дена го прославува „големиот празник“ - денот кога ја презеле власта во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС три дена го прославува „големиот празник“ - …

Јун 03, 2020 Вести

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција на прес конференцијата на Марјан Даскаловски, претседател на струмичкото СДСМ. СДС три де...

„Комуналец“ во пресрет на празникот Задушница ги чистеше Градските гробишта

„Комуналец“ во пресрет на празникот Задушница ги чистеше Гра…

Јун 03, 2020 Вести

Екипи од повеќе единици на ЈПКД „Комуналец“ пред верскиот празник Задушница организираа акцијата за чистење и уредување на Градските гробишта во Струм...

Полицискиот час повторно на сила, во петок, сабота и недела се забранува посета на гробиштата, освен за погреби

Полицискиот час повторно на сила, во петок, сабота и недела …

Јун 03, 2020 Вести

Владата на Република Северна Македонија, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењ...