Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски го означија почетокот на новата Детска градинка во селото Муртино

Недела, 08 Декември 2019

Селото Муртино доби Детска градинка, на просторот на некогашната општинска зграда, кога постоеше општина Муртино. Капацитетот е за 26 деца од предучилишна возраст.

Новата Детска градинка ја пуштија во употреба премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, во присуство на министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, претседателот на Советот, Марјан Даскаловски со советниците од општината, пратениците Коста Костадинов и Катерина Кузмановска, родители и жители на селото Муртино.

Заев истакна дека приоритет на Владата е да обезбеди услови за правилен ран детски развој, преку проширување на капацитетите на градинките и јакнењето на професионалните компетенции на кадарот, со што се гради вистински квалитетно предучилишно образование.

„Денеска чувствувам посебно задоволство што завршивме еден долгоочекуван проект во населеното место Муртино. Со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ја посетивме градинката изградена по најсовремени стандарди и која веќе е комплетно подготвена за згрижување на дечињата од ова населено место. И на локално и централно ниво, децата се наш приоритет и ќе продолжиме и понатаму со заедничките проекти за доброто на децата и заедницата“ – кажа Јаневски, најавувајќи дека деновиве ќе биде пуштена во употреба и Детската градинка во селото Куклиш со капацитет од 60 деца од предучилишна возраст.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска е задоволна што забрзано се подобруваат условите за престој во поголемиот дел од градинките низ земјава, особено во руралните места кои со години беа заборавени. Вели дека само годинава во Струмичкиот регион се отвораат две нови градинки, а за идната година е планирана инвестиција во уште три.

Просториите на новата Детска градинка во Муртино се адаптирани преку ИПА фондовите, проектот е администриран преку Светска банка и Министерството за финасии, а со дел од финансиските средства учествуваше и Општина Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Глувонемото дете кое беше врзувано за радијатор во Бања Банско, ќе добие 18.000 евра отштета од државата за нечовечно постапување

Глувонемото дете кое беше врзувано за радијатор во Бања Банс…

Јан 23, 2020 Вести

Државата треба да му плати отштета во износ од 18.000 евра на 8-годишното дете Л.Р. кое Народниот правобранител при ненадејна посета го најде врзано с...

Со кучиња трагачи се бара исчезнатата Марија Брзакова од Босилово

Со кучиња трагачи се бара исчезнатата Марија Брзакова од Бос…

Јан 23, 2020 Струмица

Веќе пет дена семејството на 28-годишната Марија Брзакова од Босилово, струмичко, нема сознанија каде би можела да биде младата жена, која во саботата...

Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на ОО на СДСМ Струмица

Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на ОО на…

Јан 23, 2020 Вести

„Последниот прес на СДСМ во Струмица покажува дека во редовите на партијата на власт, владее паника. На прес конференција се фалат со покачени плати в...

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без струја 12:30 до 15:30 часот

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без стру…

Јан 22, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (среда, 22 јануари), од 12:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат населените мес...

БИРОСЕФ Струмица вработува

БИРОСЕФ Струмица вработува

Јан 22, 2020 Веб Билборд

Компанијата „БИРОСЕФ“ од Струмица има потреба од бравари, електричари и општи работници. За аплицирање испратете CV на info@birosafe.com. Подетални ин...

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбалери од својата школа

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбал…

Јан 21, 2020 Вести

Фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ од Струмица информира дека продолжува со потпишување на професионални договори со млади фудбалери кои произлегуваа...

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, подобрен семеен буџет

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, по…

Јан 21, 2020 Вести

Каролина Дончева, член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ во Струмица, вели дека по заслуга на прогресивните политики кои ги спров...

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Јан 21, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 15 часот во Полициската станица во Струмица, Б.Б. (29) од Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во Боси...