Со Свети Климент започнува празнувањето на Светите Петнаесет

Недела, 08 Декември 2019

Струмица на 11-ти декември празнува, го одбележува својот Патрон, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. По тој повод од денеска на празникот Свети Климент Охридски, па се до 12-ти декември ќе се одржат низа свечености.

Со мултимедијален поетски настан во црквата „Свети Петнаесет“ во Струмица, вечерва од 19:00 часот ќе се читат стихови од поемата „Петнаесетте“ на Иван Василевски.

Утревечер (понеделник) од 20:00 часот, наставниците од Струмичките училишта во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ ќе пеат песни, ќе бидат пејачи на настанот насловен „Големи уметници за голема сцена“.

Во вторник (10 декември), од 10:00 часот во спортската сала на СОУ „Никола Карев“ ќе се одржи Турнир во кошарка со ученици од средните општински училишта во Струмица. Истиот ден од 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“, Иван Котев ќе ја промовира книгата „Девојчето со златно срце“ од циклусот Македонски народни приказни од струмичко. Веднаш по оваа промоција од 20:30 часот, на истото место, познатиот струмички фотограф, Сречко Гунчев ќе има изложба на фотографии - „Ретроспектива“.

На денот на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, 11-ти декември (среда), во 10:00 часот во спортската сала на ООУ „Видое Подгорец“ ќе се одржи Турнир во кошарка за ученици од основните училишта. Во 12:00 часот е Свечената седница на Советот на општина Струмица на која свое обраќање ќе има градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, а ќе бидат доделени и традиционалните Годишни награди и наградата за животно дело „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ на општина Струмица за 2019-та година. Истиот ден во 20:00 часот во големата сала на Центарот за култура во Струмица, „Распеани Струмичани“ ќе го одржат својот традиционален Годишен концерт.

Активностите по повод патрониот празник на Струмица продолжуваат и во четврток (12-ти декември), во 20:00 часот со концерт на Ленче и Горан Куќиќ со групата „Јупитер“ и пријателите ,насловен „Јупитер за градот“, а влезот ќе биде бесплатен за сите посетители, љубители на убавите песни на Ленче и Горан.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре од 09:00 до 11:30 часот во Старо Добрејци ќе има прекин на електричната енергија

Утре од 09:00 до 11:30 часот во Старо Добрејци ќе има прекин…

Авг 05, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 6 август), од 09:00 до 11:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците во...

Лажна вест е дека МВР распишало оглас за вработување 500 полицајци

Лажна вест е дека МВР распишало оглас за вработување 500 пол…

Авг 05, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги демантира објавите на „Алфа“ и „СкопјеИнфо“, но и на многу други веб портали кои ја преземале веста, дека од ден...

И денеска во Струмица регистриран нов заразен со ковид-19

И денеска во Струмица регистриран нов заразен со ковид-19

Авг 05, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи со ковид-19, меѓу кои и едно лице во Струмица. Министерството за ...

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија во реонот Хамзали

Утре од 08:30 до 15:30 часот прекин на електричната енергија…

Авг 04, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (среда, 5 август), во периодот од од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат кори...

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 22-ца

Во Струмица регистриран нов случај со ковид-19, активни се 2…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 830 тестирања, а регистрирани се 75 нови случаи со ковид-19. По градови...

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затворени

Грчкитe гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ остануваат затво…

Авг 04, 2020 Вести

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничните служби на граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ од страна на грч...

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу кои и 42-годишен струмиченец

Сообраќајка на патот Радовиш – Штип, двајца повредени, меѓу …

Авг 02, 2020 Вести

Синоќа околу 02:00 часот после полноќ се случила сообраќајка на патот Радовиш - Штип, во која две лица се повредени, штипјанец и струмичанец. „На 02...

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија денеска 166 нови случаи

Уште еден заразен со ковид-19 во Струмица, во Македонија ден…

Авг 02, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа направени се 1419 тестирања, а регистрирани се 166 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најмногу...