Промовирана стихозбирката „Чекор помеѓу“ од Ице Беличев

Петок, 06 Декември 2019

Вечерва во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, беше промовирана стихозбирката „Чекор помеѓу“ на струмичанецот Ице Беличев.

Станува збор за книга поезија која содржи 50 песни со најразлични теми и мотиви, песни за сечиј вкус. Рецензијата на книгата „Чекор помеѓу“ во издание на издавачката куќа „Феникс“ од Скопје, е на м-р Вања Изова Велева, која ја промовираше пред големиот број љубители на пишаниот збор.

Вања Изова Велева вели дека стихозбирката „Чекор помеѓу“ отвора многу дилеми, многу размислувања, многу исчекувања. Што значи да се биде помеѓу. Постои простор помеѓу нештата, дали всушност тоа е нашиот комфор каде бегаме од неодлучноста и незнаењето. Кога се наоѓаме помеѓу две нешта, логично е да се пронајдеме помеѓу нив, но дали чекорот ќе не однесе на едната или другата страна, зависи колку сакаме и колку можеме.

„Беличев во својата втора збирка поезија „Чекор помеѓу“ исчекорува со поетска зрелост, празничен восклик и отворено писмо низ кој бара сопствен пат. Негови сопатници се спомените, мислата, прашината на сокачето. Меланхоличното доспевање низ стихозбирката црта слика збор на читателот, оставајќи го да разоткрива хоризонти зачинети со љубовна патетика, мисла на изгубен патник, копнеж во минатото. Беличев знае скокум преку споменот на коренот и битисувањето да го спастри минатото… и така пред читателот да остави трага од она што поминало, од она што се памети. Сакајќи да побара спокој за неспокојот тој всушност останува заробен во светот на спомените, негувајќи ги како предуслов за тивка иднина“ – кажа поетесета и книжевен критичар, м-р Вања Изова Велева, директор на Педагошката служба при Министерството за образование и наука.

На вечерашната промоција на втората стихозбирка на Ице Беличев, стихови читаа Сузана Мицева, Мариета Дукиќ и Катерина Панов Кожаров, а модератор на промотивната вечер беше новинарот и поет Ѓорги Калајџиев.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Глувонемото дете кое беше врзувано за радијатор во Бања Банско, ќе добие 18.000 евра отштета од државата за нечовечно постапување

Глувонемото дете кое беше врзувано за радијатор во Бања Банс…

Јан 23, 2020 Вести

Државата треба да му плати отштета во износ од 18.000 евра на 8-годишното дете Л.Р. кое Народниот правобранител при ненадејна посета го најде врзано с...

Со кучиња трагачи се бара исчезнатата Марија Брзакова од Босилово

Со кучиња трагачи се бара исчезнатата Марија Брзакова од Бос…

Јан 23, 2020 Струмица

Веќе пет дена семејството на 28-годишната Марија Брзакова од Босилово, струмичко, нема сознанија каде би можела да биде младата жена, која во саботата...

Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на ОО на СДСМ Струмица

Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на ОО на…

Јан 23, 2020 Вести

„Последниот прес на СДСМ во Струмица покажува дека во редовите на партијата на власт, владее паника. На прес конференција се фалат со покачени плати в...

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без струја 12:30 до 15:30 часот

Неколку населени места во општина Ново Село денеска без стру…

Јан 22, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека денеска (среда, 22 јануари), од 12:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе бидат населените мес...

БИРОСЕФ Струмица вработува

БИРОСЕФ Струмица вработува

Јан 22, 2020 Веб Билборд

Компанијата „БИРОСЕФ“ од Струмица има потреба од бравари, електричари и општи работници. За аплицирање испратете CV на info@birosafe.com. Подетални ин...

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбалери од својата школа

Сениорската екипа на Пандев подмладена со уште тројца фудбал…

Јан 21, 2020 Вести

Фудбалскиот клуб „Академија Пандев“ од Струмица информира дека продолжува со потпишување на професионални договори со млади фудбалери кои произлегуваа...

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, подобрен семеен буџет

Каролина Дончева од струмичкото СДСМ: Позитивна политика, по…

Јан 21, 2020 Вести

Каролина Дончева, член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ во Струмица, вели дека по заслуга на прогресивните политики кои ги спров...

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Исчезната 28-годишна жена од Босилово

Јан 21, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 15 часот во Полициската станица во Струмица, Б.Б. (29) од Босилово пријавил дека од нивниот семеен дом во Боси...