Во СВР Струмица одбележан Денот на полициската превенција

Петок, 06 Декември 2019

По повод Денот на полициската превенција 9-ти декември, во рамките на активностите на Отсекот  за превенција при СВР Струмица, денеска во Полициската станица во Струмица, се одржа годишна средба на полициски службеници заедно со ученици од основните училишта „Сандо Масев“ од Струмица и „Атанас Нивичански“ од Висока Маала, општина Василево.

На средбата беа презентирани реализираните проекти во областа на превенцијата, како во намалување на малолетничкото насилство, спречување на малолетничката деликвениција и зголемување на безбедноста во сообракајот на младата популација.

Децата од двете училишта пред гостите рецитираа песнички на тема сообраќај, полиција, а од страна на секретарот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Владимир Лазарев, добија флуросценти елеци, кои во овој временски период, во овие временски услови ќе им бидат најпотребни, поради намалена видливост на улиците, облачното време и претставуваат најризична категорија учесници во сообраќајот.

Владимир Лазарев вели дека оваа година Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Секторите за внатрешни работи и општините, реализираше голем број на едукативни кампањи низ целата држава, се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

„Се намалува бројот на загинати во сообраќајни несреќи. Ако минатата година имавме 166 загинати лица во сообраќајни несреќи, годинава таа бројка изнесува 133 лица“ – кажа Лазарев.

Хризантема Рендевска, началник на Отсекот за превенција најави дека кампањите продолжуваат и во наредниот период. Веќе во вторник, со поддршка на Републичкиот совет и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, ќе се реализираат активности во основните училишта „Св. Кирил и Методиј“ во Дабиље, „Никола Вапцаров“ и „Маршал Тито“ во Струмица.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово -13

Утрово во Струмица измерени -7 степени, најстудено во Берово…

Јан 21, 2020 Вести

Скоро во целата држава утринава температурите се под нулата. Најстудено е во Берово каде се измерени -13 степени, а најтопло во Дојран и Гевгелија кад...

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост

Во Струмица ќе се отвора специјализиран Фитнес центар за лиц…

Јан 20, 2020 Вести

Во четврток од 16:00 часот, во Струмица ќе биде отворен специјализиран Фитнес центар за лица со попреченост, како дел од проектот „И ние постоиме“ на ...

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

ФОТО: Автомобил се заби во бандера, една жена повредена

Јан 20, 2020 Вести

Утрово околу 05:00 часот во селото Сарај, струмичко, автомобил марка „Опел“ се забил во дрвен електричен столб на ЕВН и направил прекин на електричнат...

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Поради дефект без вода се жителите од улицата „Ката Поцкова“

Јан 20, 2020 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект на водоводната мрежа од утрово е прекинато водоснабдувањето на улицата „Ката Поцкова“ во Струмица, ...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2020 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби животот

Сообраќајка кај Габровските водопади, едно лице го загуби жи…

Јан 19, 2020 Вести

Попладнево кај Габровски водопади се случи сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а други тројца се повредени. Како што информираше ...

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Катедрала во Струмица

Почина сестра Лујза, сестра Евхаристинка во Католичката Кате…

Јан 19, 2020 Вести

Синоќа почина сестра Лујза Стојчева, сестра Евхаристинка, - информираат од Католичката Катедрала „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица“ По пов...

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица

26-годишниот Трајче Серафимовски го фати Светиот крст во вод…

Јан 19, 2020 Вести

26-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трајче беше најсреќ...