Втор Научен собир во чест на заштитниците на градот Струмица на тема „Христофoр Жефарович и неговото време“

Четврток, 05 Декември 2019

Денеска и утре во хотелот „Сириус“, во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица, по втор пат се одржува Научен собир во чест на покровителите и заштитници на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици

Деветнаесет истакнати истражувачи од неколку универзитетски и културни центри во Македонија, како што се МАНУ, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Институтот за национална историја, Македонското грбословно друштво од Скопје, од музеите на Струмица и Прилеп, ќе имат свои излагања на овој дводневен Научен собир на тема „Христофoр Жефарович и неговото време“.

Васил Ѓоргиев – Ликин од Заводот и Музеј во Струмица вели дека за догодина планираат овој Научен собир биде и од меѓународен карактер со учество на еминентни научни работници од балканот, а ќе се обработува темата „Балканот и балканските народи – паралели во историјата и современоста“.

„Тоа е една широка тема која дава можност за учество на повеќе истражувачи од различни научни области. Се надеваме дека Министерството за култура, како и досега, ќе има разбирање за нашите проекти, ќе го финансира тој проект и на тој начин можеме да поканиме истакнати истражувачи од соседните земји, балканските земји, па и пошироко, така да оваа манифестација прерасне во интернационална манифестација“ – кажа Васил Ѓоргиев Ликин.

На денешното отворање на Научниот собир, проф. д-р Александар Атанасовски од Филозофски факултет - Институт за историја, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го помовираше зборникот на трудови „Култот за Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици во средновековната и во поновата епоха – историја, култура и традиција“, материјали од првиот Научен собир во чест на Светите Петнаесет, одржан минатата година.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше опожарена куќа и земјоделска површина

СВР Струмица со детали за пожарот во Гечерлија во кој беше о…

Авг 07, 2020 Вести

СВР Струмица денеска информираше за пожарот кој во средата попладне се случи во селото Гечерлија. Според информацијата, опожарена била куќа во изград...

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна колонија, но без странски уметници

И годинава по 57-ми пат ќе се одржи Струмичката ликовна коло…

Авг 07, 2020 Вести

Традиционалната меѓународна Струмичка ликовна колонија и годинава ќе се одржи, но без странските уметници, поради ситуацијата со пандемијата. Ќе учест...

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, 62 л/м², попладне невреме со силен ветер и појава на град

Во Струмица во изминатото деноноќие наврнало најмногу дожд, …

Авг 07, 2020 Вести

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Струмица, 62 л/м², во Прилеп 54, Скопје 50, П...

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струмица“

Кире Ричлиев го комплетираше стручниот штаб на ОК „ЏИО Струм…

Авг 07, 2020 Вести

Најдобриот тренер во македонската одбојкарска лига, струмичанецот Кире Ричлиев го продолжи договорот за соработка со ОК „ЏИО Струмица“. По потпишув...

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква приказна

Почнува „Струмица ОПЕН фестивал“, годинава со поинаква прика…

Авг 06, 2020 Вести

Во недела започнува деветтото издание на „Струмица ОПЕН фестивал 2020“ и ќе трае до 3 септември. Ќе се реализираат 20 бесплатни настани распоредени во...

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски кампањи за подигање на свеста кај струмичани за одредени проблеми

„Новус“ со средношколци од Струмица организираа волонтерски …

Авг 06, 2020 Вести

Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица во рамките на проектот „Волонтерство – надеж за иднината“, кој е финансиран од Цивика Мобилитас, о...

Васил Гарванлиев објави „ПриКазна“, нова македонска песна со видео спот

Васил Гарванлиев објави „ПриКазна“, нова македонска песна со…

Авг 06, 2020 Магазин

Струмичанецот Васил Гарванлиев синоќа на неговиот официјален YouTube канал ја објави најновата песна и видеозапис за „ПриКазна“. Ова е негов втор про...

Избувна пожар во стара куќа во Гечерлија, гореше и депонијата кај Добрашинци

Избувна пожар во стара куќа во Гечерлија, гореше и депонијат…

Авг 05, 2020 Вести

Денеска напладне повторно избувна пожер во депонијата кај Добрашинци, се прошири и на околниот рид, а силниот ветар го ширеше и кон акумулацијата „Тур...