Младите од Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“ од Струмица го одбележаа 3-ти декември, меѓународниот Ден на лицата со попреченост.
Под мотото „МОЈА – ТВОЈА – НАША БОЈА“, во големата сала на Домот на АРМ се одржа хуманитарна манифестација на која беа претставени боенките, изработени токму од младите членовите во „ПОРАКА“, како и новогодишни украси кои ги прават во рамките на секојдневните креативни работилници на оваа граѓанска организација.
Струмичани ги поддржа, ги имаше во голем број, за симболична цена си купија од изложените украси, а парите собрани од продажбата на креациите ќе бидат искористени за опремување на Социјалниот Клуб на ЦПЛИП „ПОРАКА“, со потребните дидактички материјали за натамошна работа.
Покрај продажбата на ракотворбите од младите со интелектуална попреченост, беше организирана и мала приредба со ученици од основните училишта „Никола Вапцаров“ и „Видое Подгорец“ од Струмица, заедно со децата од посебното основно училиште „Св. Климент Охридски“ од Ново Село, кои ја пренесоа пораката за еднаквост, заедништво и потребата од поголема инклузија во сите пори на општеството.
„Нека се препреки сто, но го можеме ова заедно. Мојата боја е и твоја боја, твојата боја е и наша боја… Сите сме деца под ова сонце, исто се смееме, радуваме, плачеме, паѓаме, стануваме – нема разлика“, порачаа од сцената младите учесници на манифестацијата.
.
.
Дек 11, 2019 Вести
Тимот на Јувентус до 19 години изминатите месеци учествува на Младинската лига на УЕФА, а во екипата на „старата дама“ игра и Никола Секулов, по потек...
Дек 11, 2019 Вести
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, традиционално на празникот на градот, Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, го организираше з...
Дек 11, 2019 Веб Билборд
Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува: фризер/ка, шминкер/ка и девојка за надградба на нокти со работно искуство. Огласот важи за сите кои им...
Дек 11, 2019 Веб Билборд
Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка. Подетални информации на: 071/239-003 или на Фејсбук линкот во пораки >>>...
Дек 11, 2019 Вести
Наградата за животно дело на општина Струмица, по повод празникот на градот Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ја доби естрадниот уметн...
Дек 11, 2019 Вести
Од синоќа во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, познатиот струмички фотограф, Сречко Гунчев постави изложба на негови 40 фотогр...
Дек 11, 2019 Настани
Вечерва од 18:00 часот во Спортската сала „Парк“ во Струмица, по повод празникот на градот Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици...
Дек 11, 2019 Вести
Доцна попладне вчера во 18:15 часот на улицата „Братство Единство“ во Струмица, патничко возило „Пежо 307“, со струмички регистарски ознаки, управуван...