Избрани трите приоритетни проекти и програми за наредната 2020 година

Четврток, 28 Ноември 2019

Граѓани на општина Струмица, претставници од месните и урбаните заедници, граѓански организации, претставници од образованието, културата, спортот, социјалната заштита, урбанизмот, како и членови на Советот на општина Струмица, со гласање ги избраа трите приоритетни проекти и програми за реализација во наредната 2020 година.

На вечерашната последна Форумска сесија на Буџетскиот форум на општина Струмица, предлог-програмата на градоначалникот Коста Јаневски за уредување, односно покривање и уредување во шеталиште на поројот „Крушевска Република“ во градот Струмица, доби најмногу, 85 поени од граѓаните. Како втор по приоритет за развојна програма е „Изградба на мрежа за гас“ со 77 поени и трет програмата за „Изградба и реконструкција на локални патишта и улици“.

Кај проектите, учесниците на форумот приоритет му дадоа на проектот „Адаптација на улици и тротоари за достапност на лица со посебни потреби и поставување на рампи и звучна сигнализација“, кој доби 113 поени. Втор по приоритет за реализација во наредната 2020 година е проектот за „поставување и обележување на автобуски постројки на места каде се чека за превоз на ученици“, со 107 освоени поени и 100 поени за проектот „Реконструкции во основни училишта за енергетска ефикасност на зградите“.

Раководителот на Одделението за локален економски развој, Тони Милушев, кој ја координираше реализацијата на петте форумски сесии, вели дека сите 10 развојни програми и 13 проекти, кои беа на гласање, а се произлезени како иницијативи од граѓаните на општина Струмица се во план да се реализираат во 2020 година, ќе бидат внесени во буџетот, но приоритет им се дава на три од најважните проекти и програми, коишто во целост ќе мора да бидат реализирани во наредната 2020 година, како одлука на граѓаните на општина Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ организираше традиционален посен ручок по повод празникот Свети Петнаесет

ВМРО-ДПМНЕ организираше традиционален посен ручок по повод п…

Дек 11, 2019 Вести

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, традиционално на празникот на градот, Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, го организираше з...

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува

Дек 11, 2019 Веб Билборд

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува: фризер/ка, шминкер/ка и девојка за надградба на нокти со работно искуство. Огласот важи за сите кои им...

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка

Дек 11, 2019 Веб Билборд

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка. Подетални информации на: 071/239-003 или на Фејсбук линкот во пораки >>>...

Општина Струмица му додели награда за животно дело на Перо Христов

Општина Струмица му додели награда за животно дело на Перо Х…

Дек 11, 2019 Вести

Наградата за животно дело на општина Струмица, по повод празникот на градот Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ја доби естрадниот уметн...

Сречко Гунчев постави изложба на фотографии создадени преку неговиот објектив

Сречко Гунчев постави изложба на фотографии создадени преку …

Дек 11, 2019 Вести

Од синоќа во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, познатиот струмички фотограф, Сречко Гунчев постави изложба на негови фотографи...

Вечерва ракомет со ветераните на Струмица и ветераните на Македонската репрезентација

Вечерва ракомет со ветераните на Струмица и ветераните на Ма…

Дек 11, 2019 Настани

Вечерва од 18:00 часот во Спортската сала „Парк“ во Струмица, по повод празникот на градот Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици...

Повредена 82-годишна жена во сообраќајка во градот Струмица

Повредена 82-годишна жена во сообраќајка во градот Струмица

Дек 11, 2019 Вести

Доцна попладне вчера во 18:15 часот на улицата „Братство Единство“ во Струмица, патничко возило „Пежо 307“, со струмички регистарски ознаки, управуван...

Бурна ноќ на струмичките пожарникари, три интервенции за неполни осум часа

Бурна ноќ на струмичките пожарникари, три интервенции за неп…

Дек 11, 2019 Вести

Струмичките пожарникари во синоќешната дождлива ноќ во струмичко интервенираа на три локации. Пред 20:00 часот превентивно интервенираа во селото Турн...