Струмица се приклучи на училишниот проект на ЦЕВ и на ОФМ

Среда, 27 Ноември 2019

Со четири женски екипи и шампион и освојувач на купот во машка конкуренција, Струмица е главниот македонски одбојкарски центар. Татковците на струмичката одбојка се гордеат на историјата, а помладите тренери постојано се обидуваат да останат на вистинскиот пат, што значи да ја одржат навиката кај децата да играат и да ја одберат одбојката како свој матичен спорт.

Во таа насока, училиштниот проект на ЦЕВ кој го имплементира ОФМ доби силна поддршка во градот од кој потекнуваат две третини од македонските одбојкарски репрезентативци. Повеќе од 50 ученици учествуваа на масовниот тренинг под водството на ОК „Наковски Волеј“, кој за кратко време успеа да создаде млади одбојкарки, па дури и да игра во финалето на купот во сениорска конкуренција минатата сезона.

Како и во Скопје и во Велес претходно, децата со љубопитни погледи создадоа пријатна атмосфера на тренингот во Спортската сала „Парк“, која во минатото честопати беше дом на македонскиот машки национален тим. За натпревар во оваа арена мечтаеја голем број струмички одбојкари, па можеби масовниот тренинг во рамки на училиштниот проект на ЦЕВ беше уште една алатка во привлекување нови одбојкарски следбеници.

Понекогаш само една искра може да направи голем пожар, а во Струмица и во Македонија надежите се дека набрзо ќе се роди нов Никола Ѓоргиев и воопшто нова генерација која ќе може да ја одржи македонската одбојка на европско ниво.

Дури и ова да не биде брз процес, нема дилеми дека одбојкарската традцијата во Струмица продолжува.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коронавирус, и денеска Скопје со најмногу заболени 64 лица

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коро…

Јул 04, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 64, Тетово 16, Гостивар 9, Куманово 8, Стр...

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домаш…

Јул 04, 2020 Вести

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна кар...

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевски, носители на режимот, вели кандидатот за пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевс…

Јул 04, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека сите носители на листите на В...

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Јул 03, 2020 Избори 2020

„Кога во 2016 на Парламентарните избори и во 2017 на Локалните избори ја баравме Вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска ...

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го посвети на музиката

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го …

Јул 03, 2020 Вести

Денеска по кратко боледување на 64 години почина познатиот музичар од Струмица, Томе Начевски. Томе со својата хармоника целиот својот живот го посве...

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Јул 03, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ започна со реконструкција на Кванташкиот пазар во Струмица. Се проширува за 11.600 м². Како што информираше Митко Костов, раководите...

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата нормала

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата норма…

Јул 03, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека се гради низ целата држава, и...

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Јул 02, 2020 Веб Билборд

Струмичката компанија „НИПРОМ“ има потреба од општи работници за работа во погон, со или без работно искуство. Заинтересираните кандидати можат да се ...