Католичката црква во Радово ги доби моштите на апостол Јуда и света Катарина Сиенска

Понеделник, 25 Ноември 2019

Вчера во Парохиската црква „Свети Пророк Илија“ во Радово архиепископот Цирил Васил од Рим му ги предаде моштите на апостол Јуда и света Катарина Сиенска на епископот д-р Киро Стојанов, кои ќе останат постојано во Парохиската црква во Радово.

По чинот двајцата високи свештеници на Католичката црква, заедно со свештениците од Струмичко-скопската епархија сослужуваа Света Литургија.

Моштите вградени во уникатно направена трокрилна икона, на која во средина е прикажана Марија од Назарет, од левото крило на иконата е претставена света Катарина Сиенска, а на десното свети Јуда Тадеј, кога двете крила на иконата ќе се затворат се добива иконата Пресвета Богородица Утешителка – Паљурска, која беше поставена на олтарот.

За време на Литургија проповед одржа архиепископот Цирил кој зборуваше за традицијата во христијанството за почитувањето на моштите, а исто така се осврна и на животите на свети апосотл Јуда Тадеј и света Катерина Сиенска.

По завршувањето на светата Литургија верниците имаа можност да се поколнат, да се помолат и да ги целиваат моштите.

Моштите кои парохијата „Свети Пророк Илија“ од Радово ги доби се мошти од прв ред, а тоа значи дека се директно поврзани со телото од светецот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на струмичанецот чие тело беше фрлено во браната „Турија“

Одложено рочиштето за последното судење за убиството на стру…

Јан 27, 2020 Вести

Последното рочиште од судскиот процес против 54-годишниот Марјанчо Велев од Добрејци, струмичко, кој е обвинет за убиство извршено на 7 мај минатата г...

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Габрово

Изгаснат е пожарот кој зафати реон помеѓу селата Банско и Га…

Јан 27, 2020 Вести

Пожарот кој вчера избувна меѓу селата Банско и Габрово и зафати површина од еден хектaр целосно е изгаснат синоќа, информираат од Противпожарна единиц...

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на клиниката во Скопје

Застрелан ловџија кај Раборци, со тешки повреди пренесен на …

Јан 27, 2020 Вести

СВР Струмица информира дека вчера околу 08:00 часот на местото викано „Чепели“, атар на село Раборци, струмичко, од ловџиска пушка бил погоден 64-годи...

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспитовско блато

Пожар помеѓу Банско и Габрово, се шири во правец на Моноспит…

Јан 26, 2020 Вести

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека денеска напладне избувнал пожар во реонот помеѓу селата Банско и Габрово. Петмина пожарникари...

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и пробивање на шумски пат

Втор протест во Старо Коњарево против сеча на шумата и проби…

Јан 26, 2020 Вести

Педесеттина граѓани денеска се собраа на сретсело во Старо Коњарево за да го искажат нивното несогласување со изградбата на шумски пат за сеча на огре...

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Академија Пандев ремизираше против руска Балтика

Јан 26, 2020 Вести

Тимот на Академија Пандев го помина нерешено вториот контролен натпревар од подготвителниот период со Балтика, клуб кој се натпреварува во второто по ...

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфатени над 11.700 невработени граѓани

Презентиран Оперативниот план за 2020 година – ќе бидат опфа…

Јан 26, 2020 Вести

Повеќе од 11.700 невработени граѓани ќе бидат опфатени со Оперативниот план за активните програми и мерки за вработување и услуги за пазарот на трудот...

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминува на лекување во Турција

Со помош на хуманиот народ, малиот Ѓорги од Струмица заминув…

Јан 26, 2020 Вести

За околу еден месец, со помош на хуманите граѓани кои донираа, собрани се потребните средства за лекување на малиот Ѓорги Трајков од Струмица. Три и п...