Лекарите го одбележаа празникот на вечните лекари Св. Козма и Дамјан

Четврток, 14 Ноември 2019

Традиционално во дворот на Струмичката болница, лекарите и медицинскиот персонал го одбележуваат празникот Св. Козма и Дамјан - вечните лекари на болните и сиромашните.

Денеска на празникот на овие светци, пред темелите на малата црква која со години чека да се изгради, во кругот на ЈЗУ „Општа Болница“ во Струмица, се одржа празнична литургија за здравје на сите.

Годинашното, по осми пат одбележување, го организираше персоналот на Интерното одделение при оваа здравствена установа, предавајќи го кумството - славата на вработените во Одделението за неврологија и психијатрија, односно на началничката д-р Лиле Танева, која, како што ни рече, со надеж во оваа година на „нашето кумство“ за овој празник на двата светци, Одделението за неврологија и психијатрија се префрли во подобри услови, односно во главната болница на ЈЗУ „Општа болница“ Струмица.

Инаку, Свети Козма и Дамјан се многу познати во народот. Многу цркви им се посветени во Македонија, па и некои лекарски друштва го носат нивното име. Овој празник меѓу народот е познат како Свети врачи или едноставно како Световрача. Зборот врач (враж) и денес во некои словенски јазици (на пр. во рускиот јазик) значи лекар. Овие господови лекари наречени и Свети бесребреници имаат два празника на 1 јули (Свети врачи – летни) и на 1 ноември (според стариот календар).

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коронавирус, и денеска Скопје со најмногу заболени 64 лица

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коро…

Јул 04, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 64, Тетово 16, Гостивар 9, Куманово 8, Стр...

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домаш…

Јул 04, 2020 Вести

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна кар...

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевски, носители на режимот, вели кандидатот за пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевс…

Јул 04, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека сите носители на листите на В...

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Заев од Иловица: Рудник нема да има

Јул 03, 2020 Избори 2020

„Кога во 2016 на Парламентарните избори и во 2017 на Локалните избори ја баравме Вашата поддршка, дадовме збор дека рудници овде нема да има. Денеска ...

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го посвети на музиката

Почина Томе Начевски, хармоникашот кој целиот свој живот го …

Јул 03, 2020 Вести

Денеска по кратко боледување на 64 години почина познатиот музичар од Струмица, Томе Начевски. Томе со својата хармоника целиот својот живот го посве...

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Се проширува Кванташки пазар во Струмица

Јул 03, 2020 Вести

ЈПКД „Комуналец“ започна со реконструкција на Кванташкиот пазар во Струмица. Се проширува за 11.600 м². Како што информираше Митко Костов, раководите...

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата нормала

Костадинов: Градежната офанзива продолжува и во новата норма…

Јул 03, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека се гради низ целата држава, и...

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Струмичката компанија „НИПРОМ“ бара работници

Јул 02, 2020 Веб Билборд

Струмичката компанија „НИПРОМ“ има потреба од општи работници за работа во погон, со или без работно искуство. Заинтересираните кандидати можат да се ...