ВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица за две години потроши 38 милиони евра, но дали ги има реализирано ветените мерки и проекти

Среда, 13 Ноември 2019

„Во изминатите две години Општина Струмица потроши два буџета од по 19 милиони евра, или вкупно за овие две години нешто над 38 милиони евра. Дилемите на граѓаните оправдано се: Дали по две години или вкупно 14 години раководење на СДСМ со општината, локалната власт ги има реализирано ветените мерки и проекти што значат подобар и поквалитетен живот за сите граѓани“ – кажа Митко Дрвошанов на денешната прес конференција на советниците од Коалицијата „За подобра Македонија“.

Тие прашуваат дали по две години, се дише почист воздух во Струмица, како што се ветуваше, или станува збор повторно за уште едно паушално ветување.

Дрвошанов вели дека и ним, на советниците од неговата партија на секоја седница на која го отвораат оваа прашање им е дадено ветување дека се преземаат мерки.

„Но, изгледа или не се преземаат, или не се соодветни мерките, бидејќи со почетокот на грејната сезона се видоа и резултатите. Резултати кои покажуваат дека Струмица е еден од водечките градови по загаденост на воздухот во Европа“ – додаде Дрвошанов.

Тој го спомна и проблемот со кучињата-скитници по улиците, плоштадот, паркот, тврди дека и по две години ветување за решавање на овој проблем бездомните кучиња секојдневно напаѓаат граѓани и деца.

Говореше и за проектот на градоначалникот на Струмица од предизборната кампања, а кој неодамна беше воведен во основните училишта „Ужинка за секое дете“.

„Дали ветувањето пред две години во предизборната кампања, за ужинка за секое дете, по две години се претвори во проект „јаболко за секое дете“, секој ден, и тоа јаболка кои децата треба сами да ги измијат и излупат. За овој проект не постои родител кој се согласува или не го критикува“ – кажа Дрвошанов.

На денешната прес конференција на советничката група од Коалицијата „За подобра Македонија“, беше кажано дека вакви примери на неисполнети ветувања, нереализирани или лошо реализирани проекти, можат да се набројат многу.

Тие велат дека советниците од нивната коалиција делуваат како конструктивна опозиција. На сите седници за овие две години постојано се укажувало и давале предлози и решенија за сите проблеми, но по укинувањето на преносот на седниците, кој во изминатите години одеа во живо на телевизија, нивната работа не била толку визибилна за сите граѓани.

„Сакам да ве информирам дека работиме на изнаоѓање решенија како да имате увид сите граѓани што точно се дискутира на секоја седница. Конечниот одговор на прашањето: дали реализацијата на овие два буџета, односно потрошените 38 милиони евра, ги задоволуваат потребите и очекувањата, оставаме да го дадете самите Вие, почитувани граѓани“ – заврши Дрвошанов.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Изборот на 15 јули е помеѓу силна економија – шанса за младите или шанса за ново богатење на ВМРО-ДПМНЕ и бркање на младите, вели Костадинов

Изборот на 15 јули е помеѓу силна економија – шанса за млади…

Јул 06, 2020 Избори 2020

Во изминатите три години реализиравме голем број на мерки и политики со кои ја зголемивме понудата на работни места и го олеснивме патот до прво врабо...

Ново име на македонска поп сцена – струмичанката Сања Димова со своето првенче „Знам да кажам не“

Ново име на македонска поп сцена – струмичанката Сања Димова…

Јул 05, 2020 Магазин

На македонската забавна музичка сцена се појавува ново име, 19-годишната струмичанка Сања Димова. Иако уште од мало дете е со музиката, живее во музич...

Се издава стан во центарот на Струмица

Се издава стан во центарот на Струмица

Јул 05, 2020 Веб Билборд

Се издава стан од 60 м² во центарот на Струмица, спроти малиот Градски парк. Подетални информации на: 072/250-200...

Заев: Покажавме дека можеме многу подобро од ВМРО-ДПМНЕ, кои знаат само да земаат од граѓаните

Заев: Покажавме дека можеме многу подобро од ВМРО-ДПМНЕ, кои…

Јул 05, 2020 Избори 2020

Време е за нови инвестиции, време е за нови иницијативи, за нови успеси на кои се обврзуваме и пред граѓаните и пред нашата економија, порача на прес-...

Актерот Стојан Велков Трн со молк протестира на плоштадот во Струмица, гневен на институциите околу изградба на рудникот кај Иловица

Актерот Стојан Велков Трн со молк протестира на плоштадот во…

Јул 05, 2020 Вести

Еден час, со транспарент во раката, со залепена уста, на плоштадот во Струмица, познатиот актер и еден од најгласните говорници против отворањето на р...

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коронавирус, и денеска Скопје со најмногу заболени 64 лица

Едно лице во Струмица е регистриран како новозаразен со коро…

Јул 04, 2020 ФЛЕШ ВЕСТИ

Во последните 24 часа се направени 1296 тестирања, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19. Во Скопје 64, Тетово 16, Гостивар 9, Куманово 8, Стр...

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домашно“ со објаснување што се спаѓа во домашни производи

Министерството за финансии изработи прирачник „Купувам домаш…

Јул 04, 2020 Вести

Со цел стимулирање на купување домашни производи, а со тоа и поддршка на македонското стопанство во услови на COVID-19 кризата, домашната платежна кар...

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевски, носители на режимот, вели кандидатот за пратеник од СДСМ, Костадин Костадинов

Сите носители на листите на ВМРО-ДПМНЕ се носители на Груевс…

Јул 04, 2020 Избори 2020

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 4 од Коалицијата „Можеме“, предводена од СДСМ, Костадин Костадинов вели дека сите носители на листите на В...