Перо Христов со концерт ќе ги одбележи 50-те години на македонската естрада

Понеделник, 11 Ноември 2019

Познатиот македонски пејач, некогаш на забавни мелодии во поранешната Југославија, а последните три децении во естрадните води на фолк музиката, струмичанецот Перо Христов, утре во Струмица ќе одржи концерт за 50-те години на естрадата.

Неговиот музички израз, неговиот глас, цели 50 години го држат на македонската естрадна сцена, а притоа да се остане доследен на стилот, на секогаш добро одбрана песна што ќе ја пее тој, а да ја пее и публиката со години и години, не само генерациите од времето на создавањето на песната, тука и поновата генерација.

Концертот започнува во 20:00 часот во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“, ќе ги пее големите хитови: „Во црно вино утеха нема“, „Една ѕвезда, една солза“, „Ангелина“, „Заборави ме“, „Судбина било“ „Не можам љубов да кријам“, „Плачи срце, исплачи се“, македонските евергрин мелодии од неговите почетоци „Ивона“, „Евридика“, а на концертот ќе настапат и неговите колеги: Благица Калева, Кате од „Нели ти реков“, Игор Ангелов, дуо Моротов, групите „Интервали“ и „Арија“.

Влезниците за утрешниот концерт на Перо Христов во Струмица се распродадени, а веќе е најавен уште еден концерт во Скопје на 20-ти ноември.

На концертот, Перо Христов ќе го промовира и музичкото ЦД со десетте најубави песни, како трајна вредност, насловено: „За многу години со моите најубави песни“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ организираше традиционален посен ручок по повод празникот Свети Петнаесет

ВМРО-ДПМНЕ организираше традиционален посен ручок по повод п…

Дек 11, 2019 Вести

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, традиционално на празникот на градот, Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, го организираше з...

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува

Дек 11, 2019 Веб Билборд

Центар за убавина „ПРЕСТИЖ“ Струмица вработува: фризер/ка, шминкер/ка и девојка за надградба на нокти со работно искуство. Огласот важи за сите кои им...

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка

Дек 11, 2019 Веб Билборд

Бутик „ИМПРЕСА“ од Струмица има потреба од работничка. Подетални информации на: 071/239-003 или на Фејсбук линкот во пораки >>>...

Општина Струмица му додели награда за животно дело на Перо Христов

Општина Струмица му додели награда за животно дело на Перо Х…

Дек 11, 2019 Вести

Наградата за животно дело на општина Струмица, по повод празникот на градот Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, ја доби естрадниот уметн...

Вечерва ракомет со ветераните на Струмица и ветераните на Македонската репрезентација

Вечерва ракомет со ветераните на Струмица и ветераните на Ма…

Дек 11, 2019 Настани

Вечерва од 18:00 часот во Спортската сала „Парк“ во Струмица, по повод празникот на градот Струмица – Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици...

Повредена 82-годишна жена во сообраќајка во градот Струмица

Повредена 82-годишна жена во сообраќајка во градот Струмица

Дек 11, 2019 Вести

Доцна попладне вчера во 18:15 часот на улицата „Братство Единство“ во Струмица, патничко возило „Пежо 307“, со струмички регистарски ознаки, управуван...

Бурна ноќ на струмичките пожарникари, три интервенции за неполни осум часа

Бурна ноќ на струмичките пожарникари, три интервенции за неп…

Дек 11, 2019 Вести

Струмичките пожарникари во синоќешната дождлива ноќ во струмичко интервенираа на три локации. Пред 20:00 часот превентивно интервенираа во селото Турн...

Струмица ги празнува Светите Петнаесет, заштитниците на градот

Струмица ги празнува Светите Петнаесет, заштитниците на град…

Дек 11, 2019 Вести

Денеска струмичани го слават Денот на заштитниците на градот, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. Од недела се одржуваат низа свеченост...