Македонска премиера на филмот „Стакло“ посветен на струмичанецот Зоран Маџиров

Недела, 10 Ноември 2019

Вечерва во киното „Фросина“ во рамките на 18-то издание на Фестивалот на евроски филм „Синедејс“, кој е во тек во Скопје, македонска премиера ќе има филмот „Стакло“ во режија на Амалиа Рамирез, посветен на македонскиот музички виртуоз Зоран Маџиров. Сценарист на краткометражниот филм „Стакло“ е неговата ќерка Нина Маџиров, која ја игра и главната улога во филмот.

Краткометражниот филм „Стакло“ досега е прикажан на неколку филмски фестивали и освоил 11 награди меѓу кои за најдобра актерка, најдобра режија, најдобар инспиративен филм.

Американската премиера на „Стакло“ беше во TCL Chinese Theatre, каде што се прикажуваат најпознатите филмски премиери во Холивуд.

„Стакло” е снимен во рамките на нејзината студиска програма на Њујоршката филмска академија во Лос Анџелес, каде што Нина студираше.

По ненадејната смрт на нејзиниот татко, Миа (Нина) треба да исполни ветување и се обидува да засвири на шишиња полни со вода. Доаѓа нејзината другарка Натали и се обидува да ја убеди да оди на погребот. Миа се противи…

Зоран Маџиров почина на 9 мај 2017 година по седумесечната битка за својот живот од стравотната сообраќајна несреќа што се случи на 7 октомври 2016 година кај „Пилав тепе“, на патот меѓу Струмица и Штип. Тој со својот автомобил удрил во цистерна која била превртена на патот. Во коматозна состојба беше префрлен на Карил во Скопје, каде лекарите се бореа за неговиот живот.

Волшебникот на шишиња од Струмица во својата 25-годишна кариера има работено за светски звезди како што се Стинг, Тина Тарнер, Мајкл Џексон, Хари Бела Фонте, Тито Пуенте, Скорпионс и помалку познатите Реџи Воркменг, Џими Хедад и многу други.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Младинска“ и „Кочо Рацин“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Младинска“ …

Ное 12, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Македонците во Швајцарија организираат хуманитарна забава за помош на Михаела Петрова, Никола Новоселски, Ирена Танчева, Томе Јанев

Македонците во Швајцарија организираат хуманитарна забава за…

Ное 12, 2019 Вести

Членовите на Македонското друштво „Пирок“ од Швајцарија, во сабота на 16 ноември од 18:00 часот организираат голема Хуманитарна забава, на која ќе се ...

Перо Христов со концерт ќе ги одбележи 50-те години на македонската естрада

Перо Христов со концерт ќе ги одбележи 50-те години на макед…

Ное 11, 2019 Вести

Познатиот македонски пејач, некогаш на забавни мелодии во поранешната Југославија, а последните три децении во естрадните води на фолк музиката, струм...

Во петок прва самостојна изложба на струмичанката Верица Арапова

Во петок прва самостојна изложба на струмичанката Верица Ара…

Ное 11, 2019 Вести

Вo петок, 15 ноември, во 19:30 часот во галеријата на „Завод и Музеј“ во Струмица, ќе биде отворена изложба на струмичанката Верица Арапова насловена ...

Пронајдени седум мигранти на патот Струмица - Валандово

Пронајдени седум мигранти на патот Струмица - Валандово

Ное 11, 2019 Вести

Седум мигранти, од кои шест лица се од Сирија и еден од Ирак, вчера околу 09:00 часот се пронајдени од страна на полицијата во близина на угостителски...

РЕОТВОРАЊЕ на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – во петок и сабота ПОПУСТ до 70%

РЕОТВОРАЊЕ на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – во петок и сабота ПОПУСТ до…

Ное 11, 2019 Магазин

Во многу поголем простор, целосен преглед на сите артикли и многу поширока понуда за потребите на потрошувачите, Струмичката компанија „РАЗНОПРОМЕТ АС...

Прекинато е водоснабдувањето на дел од улицата „Маршал Тито“ во Струмица

Прекинато е водоснабдувањето на дел од улицата „Маршал Тито“…

Ное 11, 2019 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека е настанат дефект на водоводна цефка, па во моментот е прекинато водоснабдувањето на корисниците од улицата „Марш...

Победа во Кичево на одбојкарките на „Наковски Волеј“ против „Ускана“

Победа во Кичево на одбојкарките на „Наковски Волеј“ против …

Ное 10, 2019 Вести

Одбојкарките на „Наковски Волеј“ од Струмица со убедливи победа на гостувањето кај „Ускана“ во Кичево во рамките на 4-то коло. Девојките на Хари Нако...