Прекрасен концерт со многу народ на хрватскиот гитарист Андреј Грозданов

Недела, 10 Ноември 2019

Еден од најпознатите гитаристи, Андреј Грозданов, кој е роден и живее во Хрватска, но по татко е со македонско потекло од Радовиш, синоќа го наполни со публика фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

Струмичани уживаа во неговиот концерт насловен „Gospel on Guitar“, слушаа инструментални изведби на гитара од неговиот најпродаван албум во Хрватска, кој е обработка на познати госпел песни.

Познатите струмички гитаристи, професорот Васко Пиличев и младиот Таќи Дробаров го отворија концертот со познатити изведби, а по нив Грозданов изведе дела кои ги свирел и со познатите Фил Кеги, Влатко Стефановски, Мартин Мур и Јохан Стоуел.

Инаку, Андреј Грозданов има издадено голем број албуми, а има учено и свирено со голем број светски познати гитаристи. Ментор за гитара му бил ексцентричниот англиски виртуоз на гитара Pete Langman – долгогодишен колумнист на магазинот „Guitar Player”, додека другите учители му биле: John Abercrombie, Frank Gambale, Michael Angelo, Hugh Burns (George Michael), Pierre Bensusan i Eric Roche. Како гитарист на современата христијанска музика, тој снимил над 200 песни на албуми, изведби во живо и студиски снимки, а со своето меѓународно искуство овозможи да се развие овој жанр во Хрватска. Оставајќи вистински белег како еден од пионирите во оваа област. Андреј често соработувал со добитниците на греми наградите во ЦЦМ жанрот како што се Hillsong, Matt Redman, Delirious, Michael W. Smith, London Community Gospel Choir и многу други.

ФОТОГАЛЕРИЈА

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ-МАКС“ собрани 40 единици крв

Во денешната крводарителска акција под покровителство на „АЛ…

Мај 27, 2020 Вести

Денеска во Службата за трансфузиона медицина во Струмица се организираше крводарителска акција под покровителство на Рафинеријата за масло „АЛ-МАКС“ о...

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време до 22:00 часот, на маса по двајца, четворица ако се семејство

Утре се отвораат кафетериите и рестораните со работно време …

Мај 27, 2020 Вести

Од утре, четврток, 28 мај може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси)...

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени пациенти

Тројца почината од Ковид-19, 25 новозаразени и 17 оздравени …

Мај 27, 2020 Вести

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа тројца пациенти со Ковид-19 починале. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни ...

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица за дополнителни 7 километри

Се проширува дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Стру…

Мај 27, 2020 Вести

Деновиве започна проширувањето на дистрибутивната гасоводна мрежа во општина Струмица во должина од 7 километри, во рамките на проектот за подобрување...

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат угостителските објекти

Од утре се укинува полицискиот час, од четврток се отвораат …

Мај 26, 2020 Вести

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека од утре, среда, 27 мај се укинува полицискиот час во државата, а угостителските објекти од четврток, 28 мај ќе...

И бројот на пожарната не е во функција, за итност барајте ги на 076/483-338

И бројот на пожарната не е во функција, за итност барајте ги…

Мај 26, 2020 Вести

Бројот на Противпожарната единица во Струмица - 193 не е во функција поради дефект. Од таму информираат дека за итни случаи, пожар или друга непогода...

Телефонскиот број на Брзата помош 194 не функционира, за итни случаи користете го мобилниот број 076/290-160

Телефонскиот број на Брзата помош 194 не функционира, за итн…

Мај 26, 2020 Вести

Посебниот број на Итната медицинска помош 194 во моментот не функциониа поради дефект и не се знае кога ќе биде ставен во функција, информира директор...

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Денеска е Св. Кирил и Методиј

Мај 24, 2020 Магазин

Светите браќа Кирил и Методиј се посебно важни за словенските народи. Родени се во Солун, во деветтиот век, во видно византиско семејство. Свети Кири...