До 300 евра ќе ви плати државата ако вградите плински уред на вашиот автомобил

Сабота, 02 Ноември 2019

Граѓаните кои ќе вградат плински уред во возилата ќе може да добијат субвенција од Министерството за економија во висина до 300 евра. Станува збор за владина мерка со која се очекуваа да се намалат возилат на нафтени деривати, а со тоа и да се намали аерозагадувањето во државата. Со ребалансот на буџетот за оваа намена се одвоени 15 милиони денари или 250.000 евра. Тоа значи дека субвенции ќе има за 900 пријавени граѓани чии возила не се постари од 2005 година.

„За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, откако ќе го вградат уредот треба да се упатат во Техничка служба која ќе ја констатира преправката и потоа да се пријават во Министерството за внатрешни работи. МВР треба да издаде нова сообраќајна во која е евидентирана поправката, односно дека е монтиран плински уред. Постапката од моментот на доѓање во техничката служба до издавањето на новата сообраќајна дозвола не трае повеќе од 2 до 3 дена“ - рече министерот Крешник Бектеши.

За добивање субвенција, до Министерството за економија треба да се поднесе фискална сметка со сметко-потврда или фактура, копија од сообраќајната дозвола за возилото заверена на нотар во која е евидентирана промената, фотокопија од лична карта и број на трансакциска сметка. Огласот ќе трае 30 дена и ќе се одвива по принципот прв дојден, прв услужен.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Младинска“ и „Кочо Рацин“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на улиците „Младинска“ …

Ное 12, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

Македонците во Швајцарија организираат хуманитарна забава за помош на Михаела Петрова, Никола Новоселски, Ирена Танчева, Томе Јанев

Македонците во Швајцарија организираат хуманитарна забава за…

Ное 12, 2019 Вести

Членовите на Македонското друштво „Пирок“ од Швајцарија, во сабота на 16 ноември од 18:00 часот организираат голема Хуманитарна забава, на која ќе се ...

Перо Христов со концерт ќе ги одбележи 50-те години на македонската естрада

Перо Христов со концерт ќе ги одбележи 50-те години на макед…

Ное 11, 2019 Вести

Познатиот македонски пејач, некогаш на забавни мелодии во поранешната Југославија, а последните три децении во естрадните води на фолк музиката, струм...

Во петок прва самостојна изложба на струмичанката Верица Арапова

Во петок прва самостојна изложба на струмичанката Верица Ара…

Ное 11, 2019 Вести

Вo петок, 15 ноември, во 19:30 часот во галеријата на „Завод и Музеј“ во Струмица, ќе биде отворена изложба на струмичанката Верица Арапова насловена ...

Пронајдени седум мигранти на патот Струмица - Валандово

Пронајдени седум мигранти на патот Струмица - Валандово

Ное 11, 2019 Вести

Седум мигранти, од кои шест лица се од Сирија и еден од Ирак, вчера околу 09:00 часот се пронајдени од страна на полицијата во близина на угостителски...

РЕОТВОРАЊЕ на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – во петок и сабота ПОПУСТ до 70%

РЕОТВОРАЊЕ на „РАЗНОПРОМЕТ АС“ – во петок и сабота ПОПУСТ до…

Ное 11, 2019 Магазин

Во многу поголем простор, целосен преглед на сите артикли и многу поширока понуда за потребите на потрошувачите, Струмичката компанија „РАЗНОПРОМЕТ АС...

Прекинато е водоснабдувањето на дел од улицата „Маршал Тито“ во Струмица

Прекинато е водоснабдувањето на дел од улицата „Маршал Тито“…

Ное 11, 2019 Вести

Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека е настанат дефект на водоводна цефка, па во моментот е прекинато водоснабдувањето на корисниците од улицата „Марш...

Победа во Кичево на одбојкарките на „Наковски Волеј“ против „Ускана“

Победа во Кичево на одбојкарките на „Наковски Волеј“ против …

Ное 10, 2019 Вести

Одбојкарките на „Наковски Волеј“ од Струмица со убедливи победа на гостувањето кај „Ускана“ во Кичево во рамките на 4-то коло. Девојките на Хари Нако...