Испечатете ја страната

„ЏИО Струмица“ на гости го доби првиот натпревар од новата сезона со 3:0

Сабота, 26 Октомври 2019

Одбојкарите на „ЏИО Струмица“ го започнаа походот во новата сезона за повторно освојување на двојната круна. Првиот натпревар со екипата на „УГД Студент“ во Штип го добија со 3:0 во сетови.

Струмичани првиот сет го добија со 25:16, убедливи беа и во вториот сет со 25:15, а домаќините единствено што се заканија беше во третиот сет кога успееја да „соберат” 20 поени.

Инаку, девет екипи ќе учествуваат во трката во претстојната сезона, а „ЏИО Струмица“ и „Вардар“ го носат фаворитскиот епитет. Скопскиот тим се засили со одбојкари од најголемиот ривал, така што со нивниот ангажман оствари двоен ефект. Македонските репрезентативци од Струмица, Васе Михаилов, Филип Маџунков и Стојан Илиев ќе го носат црвено-црниот дрес, во него ќе биде и поранешниот репрезентативец Јовица Симовски, а покрај нив, скопската екипа обезбеди и техничар од Јапонија и либеро од Србија. По заминувањето на Михаилов и на Илиев, „ЏИО Струмица“ мораше да реагира и да ја пополнува позицијата примач, па нејзин нов член е поранешниот одбојкар на „Шутова“, Игор Суботиќ од Србија. Другиот дел од тимот е составен од проверени домашни одбојкари, така што нема дилеми дека во директните дуели на актуелниот првак и на „Вардар“ ќе се бара најдобрата екипа кај нас во натпреварувачката 2019/2020.

Следното коло „ЏИО Струмица“ игра на свој терен против екипата на „Весна Пробиштип“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Со мултимедијалниот настан „А се' што на дар добивте, на дар го дадовте“ почна празнувањето во Струмица за Светите Петнаесет

Со мултимедијалниот настан „А се' што на дар добивте, на дар…

Дек 09, 2019 Вести

Синоќа во прекрасниот амбиент на храмот „Свети Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица се одржа мултимедијалниот настан „А се' што на да...

И годинава Ансамблот „Тримери“ со Годишен концерт за своите струмичани

И годинава Ансамблот „Тримери“ со Годишен концерт за своите …

Дек 09, 2019 Настани

Ансамблот за народни игри и ора „Тримери“ од Струмица во сабота (14 декември) од 19:00 часот во големата сала на Домот на АРМ, ќе го одржи традиционал...

Триесеттина наставници и професори ќе пеат на сцената во Центарот за култура

Триесеттина наставници и професори ќе пеат на сцената во Цен…

Дек 08, 2019 Вести

Струмичани ќе имат можност да ги видат струмичките наставници и професори од основните и средните училишта на големата сцена во Центарот за култура, к...

„Распеани струмичани“ ќе пеат во среда во чест на патрониот празник на градот Струмица

„Распеани струмичани“ ќе пеат во среда во чест на патрониот …

Дек 08, 2019 Настани

На денот на заштитниците на градот Струмица, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици, во Центарот за култура „Антон Панов“ ќе се одржи Годишн...

Сречко Гунчев ќе прави „ретроспектива“ на своите фотографии преку изложбата во вторник

Сречко Гунчев ќе прави „ретроспектива“ на своите фотографии …

Дек 08, 2019 Вести

Познатиот струмички фотограф Сречко Гунчев, во вторник (10 декември) во 20:30 часот ќе постави изложба на свои фотографии во фоајето на Центарот за ку...

Горан Пандев со феноменален лоб од 40 метри постигна гол за Џенова

Горан Пандев со феноменален лоб од 40 метри постигна гол за …

Дек 08, 2019 Вести

Капитенот на македонската репрезентација попладнево понуди егзотичен гол за присутните на стадионот во Лече откако во нападот на неговата екипа ја иск...

Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски го означија почетокот на новата Детска градинка во селото Муртино

Премиерот Заев и градоначалникот Јаневски го означија почето…

Дек 08, 2019 Вести

Селото Муртино доби Детска градинка, на просторот на некогашната општинска зграда, кога постоеше општина Муртино. Капацитетот е за 26 деца од предучил...

Со Свети Климент започнува празнувањето на Светите Петнаесет

Со Свети Климент започнува празнувањето на Светите Петнаесет

Дек 08, 2019 Вести

Струмица на 11-ти декември празнува, го одбележува својот Патрон, Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици. По тој повод од денеска на празник...