Легендарната ТВ глумица од поранешните ЈУ простори, Неда Арнериќ доаѓа во Струмица

Среда, 09 Октомври 2019

Легендарната Неда Арнериќ, српска и поранешна југословенска филмска, театарска и тв-глумица која ја знаеме и ние од многу македонски филмови, а најмногу од филмот „Исправи се, Делфина“ доаѓа во Струмица.

Таа по подолго време се врати на сцената, но се врати и во вистинскиот живот.

Со новата театарска претстава „Се извинуваме, многу се извинуваме“, на 14 октомври (понеделник), ќе настапи во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. За оваа претстава Неда Арнериќ добива бурни и долги ракоплескања од публиката ширум регионот.

„Текстот на претставата се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од своето животно искуство би порачала: „Луѓе, не се откажувајте од животот, дури и кога ви е најтешко, кога сте оставени сами, кога никому не му требате. А, тоа е само привидно. Бидејќи повторно ќе најдете некој со кој ќе го поминете остатокот од животот, со кого ќе ви биде убаво“ - вели Неда за претставата.

Билетите по цена од 250 денари се пуштени во продажба на билетарата во НУЦК „Антон Панов“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Изгубено е 14-годишно момче, Струмичката полиција го бара

Изгубено е 14-годишно момче, Струмичката полиција го бара

Фев 21, 2020 Вести

СВР Струмица денеска попладне информираше дека вчера околу 11:00 часот, И.Р. (41) од село Баница, струмичко, пријавил во Полициската станица во Струми...

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Струмичкиот карневал на 29 февруари

Направен е редоследот на карневалистите за поворката на Стру…

Фев 20, 2020 Вести

Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, во присуство на претставници на карневалските групи, вечерва во Домот на АРМ во Струмица го направи ред...

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде без струја, погледнете каде

Дел од периферијата на градот Струмица четири часа ќе биде б…

Фев 20, 2020 Вести

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 21 февруари), во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе биде прекинато снабдувањето со еле...

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посети винаријата на „Грозд“

Амбасадорката Рејчел Галовеј го вкуси виното „Таис“, ја посе…

Фев 20, 2020 Вести

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, во придружба на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски и претседателот на Советот, Марјан Даскаловски, де...

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета на Струмица

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј е во дводневна посета…

Фев 20, 2020 Вести

Амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј, денеска и утре е во дводневна работна посета на Струмица. Работната посета ја за...

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка крстосница беше половина час во прекин

Автомобил удрил во запрежно возило, сообраќајот кај Куклишка…

Фев 20, 2020 Вести

Денеска околу 09:30 часот на излезот од Струмица кон Валандово, кај Куклишка крстосница, се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил и запрежно во...

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка кај Куклишка раскрсница

Во прекин патниот правец кон Валандово поради сообраќајка ка…

Фев 20, 2020 Вести

АМСМ информира дека од 10:00 часот сообраќајот на патниот правец Струмица - Валандово кај Куклишка крстосница, поради случена сообраќајна незгода, е в...

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во салони за мебел

Опремете го домот! Плаќање на 24 рати преку ИутеКредит во са…

Фев 20, 2020 Маркетинг

Опремувањето и реновирањето на домот може да биде оптоварување за семејниот буџет, но со наменскиот потрошувачки кредит на ИутеКредит можете да купите...