Утре во Струмица: Промотивно пладне на литература за деца

Вторник, 08 Октомври 2019

Утре, среда, со почеток во 12:00 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, ќе се одржи Промотивно пладне на литература за деца. Ќе бидат промовирани едицијата во десет книги НАЈДОБРАТА КИНЕСКА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА, и најновата прозна книга на Киро Донев – „ДАРКО ВО ЗОО ПАРКОТ“.

Во претставувањето на книгите, изданија на „Македоника литера“, ќе учествуваат: Ацо Гогов, Ана Витанова-Рингачева, Киро Донев и Нове Цветаноски. Актер: Јулија Милкова.

Антологиската едиција „Најдобрата кинеска литература за деца“, „Македоника литера“ ја реализираше како копродукциски проект со издавачката куќа „Делфин букс“ од Пекинг, НР Кина. Во едицијата се застапени најпознатите и најчитаните современи кинески писатели за деца и за млади. Во овие книги се вклучени најдобрите дела на авторите, избрани од самите автори. Изборите содржат бајки, басни, раскази или новели. Како прилог, во книгите се објавени и текстови на авторите кои го образложуваат својот избор и се осврнуваат на своето творештво.

Едицијата ги содржи следните избори: „Тајната на слатките јагоди“ од Танг Сулан, „Мирисливата птица“ од Ѓин Бо, „Легенда за мечето Панда“ од Сун Јоуѓун, „Магичниот папагал“ од Ге Бинг, „Персискиот мачор Пек“ од Гао Хонгбо, „Малиот ној рицар“ од Лиу Сианпинг, „Божјиот фенер на морето“ од Донг Хонгјоу, „Приказни големи колку дланка“ од Џанг Ќуишенг, „Братучед ми доаѓа“ од Ќин Венѓун и „Вкусот на сонцето“ од Џанг Џилу.

Најновата прозна книга на Киро Донев „Дарко во зоо паркот“ е поделена во два дела. Во првиот – „Дарко во зоо паркот“ се објавени триесетина текстови во кои се претставени исто толку животни. Претставени се преку разговор што го води главниот лик – младиот новинар Дарко. Всушност, најпопуларните животни за децата се претставени низ дијалози од аспект на самите животни. На овој начин Киро Донев ги потенцира хуманите односи меѓу човекот и животните.

Вториот дел на книгата е насловен со „Приказни за годишните времиња“. Објавени се триесетина текстови кои се однесуваат на четирите годишни времиња, но во сите нив основната тема се животните и природата.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...

Отворен ден за граѓаните во Основниот суд во Струмица

Отворен ден за граѓаните во Основниот суд во Струмица

Окт 21, 2019 Вести

По повод Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври, кој ден се одбележува во сите држави во Европа, па и во Македонија, во петок од 10:00 ...

Вељуса и Седларци во вторник шест часа без електрична енергија

Вељуса и Седларци во вторник шест часа без електрична енерги…

Окт 20, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

„Беласица“ ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци

„Беласица“ ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци

Окт 20, 2019 Вести

ФК „Беласица“ со 2:1 ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци во денешниот натпревар во рамките на Втората македонска фудбалска лига – Исток и е на...

ФОТО: Отворање на нова Оптика „PRISMA“ во Струмица

ФОТО: Отворање на нова Оптика „PRISMA“ во Струмица

Окт 20, 2019 Магазин

Струмица доби нова современа оптика, која се наоѓа во зградата спроти слаткарницата „Канела“ во близина на главната болница. Оптика „ПРИЗМА“ – опреме...

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а…

Окт 19, 2019 Вести

Унијата на млади сили од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на денешната прес конференција потсетија на ветените проекти на градоначалникот на Струмица, Кос...