Денеска во Владата на Република Северна Македонија, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска потпишаа Договор за грант за изградба на нова градинка во Струмица.
Новата Детска градинка, која треба да започне да се гради во почетокот на идната година ќе биде со капацитет за 300 деца, ќе се гради во просторот на поранешната касарна.
„Со изградбата на новата градинка и останатите активности кои што ги реализираме и планираме во оваа област, решаваме голем проблем со сместувачките капацитети на децата од предучилишна возраст. Нашите најмлади сограѓани се и остануваат наш приоритет“ – вели градоначалникот Јаневски.
Со средствата од овие грантови, обезбедени со поддршка од Светска банка, ќе се изградат нови градинки во Крива Паланка со капацитет за 100 деца, во Ѓорче Петров со простор за 175 деца и во Струмица за 300 деца. Исто така ќе се адаптира нов простор за градинка во Боговиње со капацитет за 105 деца. Министерството за труд и социјална политика ќе обезбеди и дополнителни средства за опремување на новите градинки.
.
.
Јан 12, 2021 Вести
До изутрина количествата на воден талог за изминатите 24 часа на југоистокот надминуваа 40 л/м², а на повисоките планини има дополнителна снежна покри...
Јан 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера околу 16:00 часот во СВР Струмица, 46-годишна жителка на Струмица пријавила дека во куќа во село Борисово, сопствено...
Јан 10, 2021 Веб Билборд
Бутик „ИМИЏ-М“ бара деловна просторија – дуќан за продажба на гардероба во градот Струмица. Дуќанот да биде од минимум 60м². Понуди на телефон: 071/23...
Јан 10, 2021 Магазин
Струмичката гимназија „Јане Сандански“ од Струмица на почетокот од секоја нова година, заедно со некогашниот Младински совет го организираа традициона...
Јан 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, кој поради сообраќајна незгода беше во прекин од 18:10 часот е нормализиран, информираат од АМ...
Јан 09, 2021 Вести
„Ги замолуваме политичките партии да не го користат пожарот во „Глобал“ да добиваат поени кај своите симпатизери и активисти зошто со тоа не ни помага...
Јан 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од АМСМ информираат дека од 18:10 часот во прекин е магистралниот пат А4 Струмица – Радовиш, поради случена сообраќајна незгода. Сообраќајот се пренас...
Јан 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од вечерва до понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд. Врнежите во западните и северозападните делови повремено ќе бидат пообилни (н...