Ќе се отвора Оперативен центар за хуманитарна помош – HELP, меѓу пограничните региони во Македонија и Грција

Вторник, 08 Октомври 2019

Денеска во хотел „Сириус“ во Струмица, во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион се одржа првиот Инфо-ден за промоција на проектот „Интергриран оперативен центар за хуманитарна помош – HELP“, ко-финансиран од Европска Унија и Националните Фондови на земјите учеснички, преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.

Станува збор за проект чија цел е да ги зголеми капацитетот и подготвеноста на хуманитарната помош во прекуграничната област, стремејќи се кон ефективна и ефикасна превенција, ублажување и управување со непогоди. Преку имплементација на одредени активности, ќе ги развие постоечките средства во двете земји во поглед на искуство и знаење на вклучените чинители и заеднички ќе го прошири овој капацитет во однос на инфраструктурата, опремата и управувањето.

„Главна активност на проектот е дизајнирање и изработка на контенјер, опремен со најсовремена опрема за комуникација. Ваквиот контејнер наречен како Центар за команди, контрола, комуникација, компјутери и интелигенција ќе овозможи подобрување на квалитетот на управување на јавната администрација во справување со елементарни непогоди и кризи во прекугранична област Грција – Северна Македонија што е и всушност главна цел на проектот“ – истакна Данче Поп Иванова-Илиева, координатор на проектот.

Таа најави дека при самиот крај на проектот, во летото 2020-та година, планирани се пилот акции, една во Серес, Грција и една во Струмица на која ќе бидат претставени и тестирани контејнерите како и нивната поврзаност помеѓу двата региони пред сите засегнати страни.

На првиот Инфо-ден присуствуваа претставници на општините од регионот, од Дирекцијата за заштита и спасување, регионалниот Центар за управување со кризи, Црвениот крст, Противпожарната единица, Итната медицинска помош.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со победа

Девојките на „Наковски Волеј“ шампионатот го стартуваа со по…

Окт 21, 2019 Вести

Девојките на ОК „Наковски Волеј“ стартуваа со победа и тоа на гости во Скопје, вечерва славеа со 3:1 над девојките на ОК „Јанта Волеј“, по сетови: 25:...

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

„Комуналец“ поставува штедливи светилки на Кванташки пазар

Окт 21, 2019 Вести

ЈПКД „Комуналец” започна со замена на осветлувањето во Кванташки пазар во Струмица, се поставува ново осветлување со штедливи лед светилки. Како што ...

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, се вратија со освоено прво, второ и трето место

Ученици од Струмица на маратон „Неврокоп тича“ во Бугарија, …

Окт 21, 2019 Вести

Викендот во градот Гоце Делчев, Бугарија, се одржа традиционалниот маратон во трчање „Неврокоп тича“ на кој учествуваа повеќе од 150 ученици од основн...

Отворен ден за граѓаните во Основниот суд во Струмица

Отворен ден за граѓаните во Основниот суд во Струмица

Окт 21, 2019 Вести

По повод Европскиот ден на граѓанската правда – 25-ти октомври, кој ден се одбележува во сите држави во Европа, па и во Македонија, во петок од 10:00 ...

Вељуса и Седларци во вторник шест часа без електрична енергија

Вељуса и Седларци во вторник шест часа без електрична енерги…

Окт 20, 2019 Вести

Од ЕВН Македонија - КЕЦ Струмица информираат дека поради реализација на инвестициони зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична...

„Беласица“ ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци

„Беласица“ ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци

Окт 20, 2019 Вести

ФК „Беласица“ со 2:1 ја совлада екипата на „Тиквеш“ во Кавадарци во денешниот натпревар во рамките на Втората македонска фудбалска лига – Исток и е на...

ФОТО: Отворање на нова Оптика „PRISMA“ во Струмица

ФОТО: Отворање на нова Оптика „PRISMA“ во Струмица

Окт 20, 2019 Магазин

Струмица доби нова современа оптика, која се наоѓа во зградата спроти слаткарницата „Канела“ во близина на главната болница. Оптика „ПРИЗМА“ – опреме...

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а нереализирани проекти на градоначалникот

Младите од струмичкото ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат на ветените, а…

Окт 19, 2019 Вести

Унијата на млади сили од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица на денешната прес конференција потсетија на ветените проекти на градоначалникот на Струмица, Кос...